Како „Тесла“стана највредната автомобилска компанија, а Маск најбогат во светот. Акциите на „Тесла“ имаа неверојатна 2020 година, а во 2021 година не престануваат да растат. Вртоглавиот раст на вредноста на акциите од скоро 800 проценти и овозможи на „Тесла“ да стане највредната автомобилска компанија во светот. Додека, својот извршен директор, Илон Маск го постави на тронот на најбогатите луѓе во светот со богатство од 186 милијарди аамерикански долари.

Како „Тесла“стана највредната автомобилска компанија, а Маск најбогат во светот

Акциите на „Тесла“ од вредност на 90 американски долари пред 12 месеци, достигнаа неверојатни 816 американски долари. Проценетата пазарна вредност на американскиот производител на електрични автомобили сега е повеќе од 750 милијарди долари.

Така, компанијата „Тесла“ стана убедливо највредната автомобилска компанија и покрај тоа што произведува многу помалку возила од „Тојота“, „Фолксваген“ и „Џенерал моторс“.

Богатството на Маск се поголема грутка

Како „Тесла“стана највредната автомобилска компанија, а Маск најбогат во светот. Ретко кој толку многу верува во иднината на компанијата, колку што верувал извршниот директор, Илон Маск. Овој американски претприемач пред две години се откажал од фиксната плата и бонусите. Наместо тоа, избрал примања исклучиво врз основа на перформансите на компанијата.

Секој пат кога вредноста на компанијата надминува одредена целна точка, почнувајќи од 100 милијарди долари во пазарната вредност, Маск добивал опција за акции (stock option), што му овозможувало да купи одреден број акции на компанијата по однапред одредена цена.

Зголемувањето на вредноста на акциите за Маск имаат две работи:

  • – дека неговиот додтогашен удел во компанијата вреди повеќе
  • -и дека добива можност за стекнување на дополнителни акции

Доколку компанијата работи добро (што е очигледно во случајот со „Тесла“), богатството на Маск добива ефект на тркалање на грутка- станува се поголемо. Секоја следна поставена цел што компанијата ја постигнува, за нејзиниот извршен директор, значи стотици милиони, па и милијарди американски долари.

И покрај бројните причини за успехот на компанијата „Тесла“, најголемиот фактор за раст е секако огромната доверба на инвеститорите во нејзината иднина. Дотолку повеќе што минатата година беше вклучена во берзанскиот индекс S&P 500.

„Tesla“ влегува на пазарот на компактни теренци

Компанијата на почетокот на 2020 година го лансираше и моделот „Y“ , влегувајќи во еден од најбрзо растечките сегменти на автомобилската индустрија.

И покрај фактот дека темелите за масовно производство сè уште се поставуваат, а продажбата сè уште е ограничена на американско тло, Маск очекува дека компактниот теренец во иднина ќе биде најпродаваниот модел на Tesla и ќе ја надмине продажбата на другите три модели заедно.

Продажбата на моделот „Y“ се очекува да забележи значителен пораст оваа година со почетокот на производството во Кина.

„Гигафабрика“ во Шангај

Како „Тесла“стана највредната автомобилска компанија, а Маск најбогат во светот. „Тесла“ започна со производство на возила во фабриката во близина на Шангај на крајот на 2019 година, со годишен производствен капацитет од 200.000 возила од Модел 3.

Почетокот на работата на фабриката беше прецизно темпиран, кога побарувачката за возила повторно се зголеми, бидејќи Кина многу брзо успеа да ја контролира епидемијата во нејзините граници.

Поевтините возила произведени во домашната фабрика наидоа на големи позитивни реакции од кинеските потрошувачи. Приходите на компанијата во Кина скокнаа за 90 проценти во првите  девет месеци од 2020 година.

Покрај тоа, брзата конструкција на фабриката (траеше само една година од поставувањето на темелот до спуштањето на првите возила од траката ) им влеа доверба на инвеститорите дека „Тесла“ може да започне со производство многу ефикасно во добри услови. Позитивен знак со оглед на претстојното отворање на новата Гигафабрика во Германија и Тексас.

Подобрувања на софтверот за авто-пилот

„Тесла“ е еден од пионерите на технологијата за самовозечки автомобили. Компанијата минатата година ја зголеми цената на софтверот од 7.000 на 10.000, поради бројните подобрувања.

Во оваа трка, калифорниската компанија е далеку пред сите ривали. Во средината на минатата година, нејзините возила поминаа скоро  пет милијарди километри во режим на самовозење. Втор на листата е „Гугл“ со скромни 30 милиони.

Технолошки напредок во областа на батериите

Батериите се голем фактор во цената на електричните автомобили. Според некои проценки, тие учествуваат со околу 15 проценти. Затоа, намалувањето на производната цена и подобрувањето на перформансите се клучни за конкурентноста на пазарот.

За време на својот голем настан, што го организираше во септември, компанијата објави неколку технолошки достигнувања во областа на дизајнот, производството и интеграцијата на батериите во возилата, нагласувајќи дека сето ова може да ги намали трошоците за 56 проценти по киловат-час.

„Тесла“ исто така објави планови за започнување на производство на сопствените батерии, како и за влез во деловна активност за експлоатација на литиум, главната суровина за производство на батеии.

Меур од сапуница или разумна цена?

Многу берзански аналитичари предупредуваат дека, и покрај сите позитивни квалификации, акциите на „Тесла“ се многу преценети. Експертите од „Морган Стенли“ истакнуваат дека многу инвеститори прават грешки и ги игнорираат ризиците од управување со автомобилска компанија. Тие веќе ја третираат „Тесла“ како брзорастечка технолошка компанија.

Иако во многу сегменти, „Тесла“ сè уште заостанува зад другите автомобилски гиганти, Маск вели дека вредноста на акциите е врзана за иднината.

„Тесла“ е апсурдно преценета ако гледате во минатото. Вредноста на акциите претставува влијание на парите прилагодени на ризиците во иднина “, рече Маск пред повеќе од две години, во време кога вредноста на компанијата се проценуваше на 37 милијарди долари.

Богатството на Маск се заснова на приближно 20 проценти од уделот во компанијата „Тесла“ и 48 проценти од уделот во „Спејс екс“. Покрај тоа, според „Блумберг“, Маск поседува и 57 милиони акции на „Тесла“.

Според Блумберг, богатството на извршниот директор на „Тесла“ е зголемено за повеќе од 150 милијарди долари во изминатата година, откако износот на акциите во компанијата за производство на електрични возила се зголеми за 740 проценти во 2020 година.

Тесла ќе продава автомобили за биткоини

Компанијата „Тесла моторс“ има голема доверба во криптовалутите. Наскоро планира да прифаќа биткоини како платежно средство за своите автомобили.

Покрај тоа, највредната автомобилска компанија во светот објави дека чува дел од своите средства во биткоини, а не во традиционални пари.

Во својот годишен извештај до Комисија за хартии од вредност, „Тесла моторс“наведува дека нејзините инвестиции во дигитални валути и други „алтернативни резервни средства“ можат да растат.

Исто така, наведува  дека во блиска иднина ќе започне да прифаќа биткоин како вид плаќање за своите производи.

Компанијата досега инвестираше 1,5 милијарди во таа криптовалута, како дел од одлуката „да инвестира дел од парите на компанијата во одредени алтернативни резерви“.

Оваа информација претставуваше нов ветер за биткоинот, па вредноста на криптовалутата рапидно скокна.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.