„Камерна приказна“ е насловот на концертот на Филхармонијата што ќе се одржи в четврток во 20 часот, на кој како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се „Кончерто да камера за флејта и англиски рог“ од Онегер и Камерна симфонија оп. 73 а од Шостакович (арр. Р. Баршаи).

Заради полицискиот час од 20 часот, „Камерна приказна“ ќе се одржи онлајн, без публика.

Секако, тоа не е причина која го намалува ексклузивноста на овој исклучителен настан, со врвни учесници…

Етаблираниот холандско-јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Исто така, тој е гостин диригент и со оркестрите на добропознатите културни центри во Новосибирск и во Санкт Петербург.

Елена Дојчинова, освен како дел од Оркестарот на Филхармонијата, активно е присутна на македонската музичка сцена и како солист и камерен музичар. Владимир Лазаревски дипломирал и магистрирал во 2003 година на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Бугарија, во класата на проф. Георги Желјазов, а во 2013 година станал доктор на музички науки и музичка уметност од областа на камерната музика и обоата.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.