Дали „Врба“ на Милчо Манчевски, која е македонски кандидат за Оскар за најдобар странски филм, ќе влезе во потесна конкуренција, ќе се знае наскоро?!

Имено – филмови од 93 земји се пријавени во оваа категорија, а на 9. февруари ќе бидат објавени 15 наслови во потесен избор. Номинираните во сите категории ќе бидат објавени на 15. март, а доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 25. април.

Линкот носи до филмовите од меѓународната селекција, наредени по азбучен редослед.

По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим 2019 година, филмот на Манчевски освои неколку награди, имаше рекордна гледаност во Македонија, а во финалето на 2020-та година е избран за македонски кандидат во категоријата меѓународен игран филм на Оскарите.

Договорено е „Врба“ да биде објавена и во Америка, преку Кино Лорбер уште оваа пролет. Откако ќе ја има кино-презентацијата по салите, филмот ќе биде ставен на streaming платформите.

Кино Лорбер постои од 1977 година со фонд од повеќе од 4.000 наслови. Американскиот дистрибутер ги оствари правата за делото на Манчевски преку Reel Suspects, која се занимава со продажба на филмот низ целиот свет.

Филмот раскажува приказни за три идни мајки во средновековна и современа Македонија. Во него играат млади актери Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.