Филмски сцени снимени со специјални камери, огромен екран, ласерски проектор, поостра слика, поширок спектар на бои и прецизен звук на 12 канали што се шири од звучниците поставени низ целата сала, се дел од ајмакс технологијата, со која кино публиката одсега ќе доживува филмови во „Синеплекс“ во Белград.

Овој мултиплекс е единственото кино во овој дел на Европа што воведе IMAX технологија за прикажување филмови. И екранот во оваа сала, како што е наведено во „Синеплекс“, е голем колку две тениски игралишта, тоа е најголемиот кино-екран во кино мултиплекс во регионот.


Камерите ajмакс, претставени како камери со најголема резолуција досега, се пофалени и од режисери како Кристофер Нолан, Стивен Спилберг или Зак Снајдер. Јасно е дека ваквите ефекти најдобро се изразуваат во спектаклите, а ласерскиот проектор 4K е создаден токму за да ја одведе публиката до најголемите блокбастери на денешницата.

Предностите на оваа технологија се острината на сликата, која е „пореална отколку реална“ во сите детали, подобро светло и контраст во споредба со претходната стандардна слика, како и поширок спектар на бои.

Искуството на дводимензионална или 3Д слика на овој проектор дополнително се подобрува со прецизниот звук снимен на 12 канали од звучници поставени од сите страни, дури и на таванот (може да се поместат по потреба), па станува толку продорно што повремено може физички да се почувствува.

„Годизила против Конго“ е најавен како прв филм што публиката ќе може да го види во новата технологија во тоа мултиплекс кино во Белград, за кое билетите ќе бидат во продажба од утре.

Бидејќи технологијата ајмакс е врвен формат кој го крева кино доживувањето на највисоко можно ниво, тоа значи поскапи билети отколку во другите кина, Во Белград, за 3Д проекции треба да се платат 990 динари (околу 500 денари), а за 2Д проекции за време на викендите 790 динари (400 денари).


По прикажувањето на „Годизила против Конго“, во април ќе се прикажува „Мортал Комбат“, а доколку нема нови наслови, ќе се репризираат и постарите снимени во истиот формат.
Замислете го „Аватар“ на овој начин…

„Синеплекс“ во Белград најавува дека во нивниот објект ќе бидат инсталирани првите автомати за продажба на билети за кино-проекциите во Србија.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.