Кога гитарите би можеле да зборуваат, што прво би кажале? На пример гитарите на Влатко Стефановски, или гитарите на непрежален водач на „Екатарина Велика“ – Милан Младеновиќ.

Гитарите на Милан денес се чуваат во фундусот на Задужбина која го носи неговото име.

Од таму откриваат дека Gibson RD Artist е првата љубов на Милан. Тоа е првата електрична гитара која ја има купено кон крајот на седумдесеттите. Ја купил со чековите од татко му, во популарната стоковна куќа „Београѓанка“. И, никогаш ја немаше менувано.
Подоцна имаше уште гитари, но ниту една подоцна не успеа да биде повеќе сакана од него, како што ја сакаше оваа жолта убавица.

Во долниот дел од фотографијата не е Telecaster. Оваа гитара ја изработи мајсторот Меца (инаку Ненад, од песната „Заједно“ од „ЕКВ“).

Неа Милан ја осмисли до најситните детали, и кон неа до крајот на својот живот имаше родителски однос.

Легендарниот водач на „Екатарина Велика“ почина во 1994-та година, но неговото дело е вечно.

Лани на музичката сцена повторно беше објавен албумот „Angel’s Breath“, кој Милан го снимаше во Бразил со Митар Суботиќ Суба. Култниот албум за прв пат беше објавен на винил и ова беше еден од најуспешните музички проекти во регионот во 2020-та година.

Тоа е еден од најпродаваните албуми лани во Хрватска. Сигурно е во Топ 3, а дали е на прво место ќе се знае на 7-ми февруари.

(Фотографиите се преземени од фејсбук-профилот на Задужбина на Милан Младеновиќ)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.