Во време на глобална пандемија, кога на сите ни недостасува дружење, театар, концерти, забава…, ја враќаме меморијата на најдобрите YU албуми забележани на концерт, како репер за квалитетно поминато време.

Зошто YU и зошто ваков избор?

Прво одговор на второто прашање. Изборот е субјективен, но горе-долу не се разликува премногу од многубројните опсервации на оваа тема. А, зошто YU? Бидејќи покажа дека стандардите поставени во тоа време и на тој географски простор, за многумина и ден-денес се недостапни полиња.

Најголемиот број на работите, после тој период (чест на исклучоци, кои се вметнати во нашиот избор, па заради тоа во насловот стои и пост-YU), денес на просторите каде што живеат Јужни Словени, е несериозен и далеку од некогаш поставените стандарди.

Ако ништо друго, барем за утеха ги имаме убавите сеќавања…

Рибља чорба – У име народа

„У име народа“ е првиот албум во живо на белградската рок-група Рибља чорба. Албумот е снимен на концертот одржан на 11 април 1982 година во салата Пионир во Белград.

Насловот ја претставува првата реченица во судницата кога се изрекува пресудата. Со неа, лидерот на Чорба – Бора Ѓорѓевиќ сакаше да каже дека го признава само судот на публиката.

Албумот беше во 1998 година се најде како 85-ти на листата од 100 најголеми југословенски рок и поп албуми.

Азра – Равно до дна

Равно до дна е живиот албум на Азра, објавен за Југотон во 1982 година како троен винил, за прв пат во YU-rock дискографија. Снимено е во клубот Кулушиќ во Загреб, на 21 октомври 1981 година.

Равно до дна се смета за најдобриот албум во живо во историјата на југословенската рок музика. Го зазеде шестото место на списокот со 100 најголеми југословенски рок албуми, составен од хрватското издание на списанието „Ролинг Стоун“ во 2015 година.

Балашевиќ – У твојим молитвама/ Баладе

У твојим молитвама/ Баладе, е првиот албум во живо од српскиот и поранешниот југословенски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ . Снимено за време на концертот на Балашевиќ во Зетра (Сараево, ноември 1986), Ледена дворана (Загреб , ноември 1986), Сава Центар (Белград , декември 1986), Студио М (Нови Сад , мај 1987) и Шалата (Загреб, јули 1987), албумот содржи верзии во живо на баладите на Балашевиќ.

Некои песни обилуваат си хумористичните монолози на Балашевиќ, а на песните „Ne volim januar“ и „Bezdan“ се наошаат снимки од гостувањето на Балашевиќ во емисијата Поп Експрес на Радио Нови Сад . На албумот се појавува претходно непознатата „Само да рата не буде“, снимена со детски хор . Текстот на песната предупредува на војната (која навистина ќе започне три години подоцна), станувајќи химна на пацифисти во сеуште постоечката СФР Југославија.

Албумот е мастерпис за тоа како треба да изгледа еден албум во живо.

Леб и сол – Акустична траума

Акустична траума е прв двоен албум на Леб и сол. Снимен е во живо на 13. април 1982 година во загребскиот клуб Кулушиќ, а подоцна е миксан во М-2 студио во Скопје.

Со овој албум Влатко, Бодан и Драгољуб се простуваат од издавачката куќа ПГП РТБ, и преминуваат во загребскиот Југотон…

Електрични оргазам – Braćo i sestre

Braćo i sestre е вториот албум на белградските панкери Електрични оргазам снимен во живо. Тоа всушност беше промотивен концерт во чест на актуелниот албум Дисторзија.

Трите промотивни концерти беа одржани во култниот загребски Кулушиќ, на 17, 18 и 19-ти октомври 1986-та, додека албумот на пазарот се појави следната 1987 година.

Бијело дугме – Концерт код Хајдучке чесме


Концерт код Хајдучке чесме е првиот албум во живо на југословенскиот рок-состав Бијело Дугме , објавен во 1977 година.

Хајдучка чесма, како југословенскиот Вудсток денес е мит, како што е мит и овој концертен запис. Имено, на албумот, само публиката е од тој настан, а заради техничките недостатоци на материјалот, концертниот материјал истата година е снимен во еден помал простор во Сараево.

Албумот во 1998 година се најде како 74-ти на листата од 100 најголеми југословенски рок и поп албуми…

ЕКВ – 19LIVE86

19LIVE86 е првиот албум во живо од српската рок- група Екатарина Велика , издаден во 1987 година. Албумот ја означува зголемената популарност на ЕКВ по комерцијалниот успех на нивниот трет албум S vetrom uz lice.

Снимено е на 2 ноември 1986 година, на една од петте распродадени настапи во познатиот клуб Кулушиќ во Загреб.

Дино Дворник – Live In München

Live In München е live албум на хрватскиот музичар Дино Дворник, објавен 1995. година.

Албумот е снимен на концерт во Минхен, а бендот што го придружуваше беа членови на фанк-групата Сонгкилерс. Во живо во Минхен беше прогласен за еден од најдобрите албуми во живо објавени во хрватската дискографија.

Рамбо Амадеус – КПГС

КПГС е првиот албум во живо на Рамбо Амадеус, издаден во 1993 година. Снимен е на 29 септември 1992 година на концерт во Скопје , Република Македонија. Меѓу познатите песни на Рамбо Амадеус, албумот содржи голем број импровизации на познатите теми.

Дисциплина кичме – Најлепши хитови! Уживо!

Најлепши хитови! Уживо! е првиот албум во живо и единствен во живо на српската група Дисциплина Кичме, издаден од белградската издавачка куќа ПГП РТБ во 1987 година.

Парни ваљак – Без струје/ Live in ZeKaeM

Live ZeKaeM – unpluged е четвртиот албум во живо на Парни ваљак. Снимен е на четири концерти во Загреб (ЗКМ) . Албумот првично беше издаден во 1995 година на аудио касета, CD и како видео издание на VHS . Во 2005 година, албумот беше повторно издаден како DVD со бонус CD . Издавач на сите изданија е Кроација рекордс .

Aлбумот е најпродаваното издание на Парни Ваљак и најпродаваниот албум во живо на хрватската дискографија.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.