Колку се задолжени граѓаните на земјите од поранешна СФРЈ. Според јануарските податоци од сите шест централни банки на поранешна СФРЈ, Хрватите се вкупно најзадолжени, со околу 18 милијарди евра, а најмалку задолжени се Црногорците, со околу 1,39 милијарди евра.

Колку се задолжени граѓаните на земјите од поранешна СФРЈ

Меѓутоа, кога овие резултати ќе бидат поделени со последните показатели по глава на жител, излегува дека најзадолжени се Словенците, со 5.286 евра, а најмалку Србите со 1.443,7 евра по глава на жител.

„Словенија и Хрватска секогаш ги влечеа статистичките показатели нагоре во регионот. Ваквите трендови само ја продолжија старата поделба на поразвиени и помалку економски развиени земји во оваа област. Едноставно, таквата статистика ја одразува општата куповна моќ на жителите “,вели за Бизнис.рс, професорот на Академијата за банкарство во Белград, Зоран Грубичиќ.

Интересно е, сепак, да се види колку порасна задолженоста на граѓаните во овие земји во периодот на пандемијата во 2020 година. Општо,задолжувањето  порасна на ниво на неколку проценки – најмалку во Хрватска (1,8 проценти), а најмногу во Србија (споменатите 11,2 проценти).

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.