Во тешки времиња, конечно и нешто убаво. Коста Петров се здоби со признание од Издавачкиот центар ТРИ и од „Паблишер“ за најпродаван македонски автор на деценијата.

– Несомнено за неговиот успех сведочат продадените 43.000 книги, шеснаесет изданија од „Се гледаме на врвот“, десет изданија од „Нашето последно кафе“, а наскоро со нетрпение го очекуваме и осмото издание на „Никој не рече дека ќе биде лесно“ – велат од ТРИ.

Со над 17.000 продадени примероци, „Се гледаме на врвот“, е најпродаваната македонска книга во измината деценија.

– Коста вели дека онаму каде што си, е онаму каде што треба да бидеш. Тој пред многу години најави дека ќе се видиме на врвот, токму каде што треба да биде и каде што е денес: во врвот на најчитаните македонски автори – вели издавачот.

– Ви благодарам на сите за бескрајната поддршка. Ни во најлудите соништа не можев да замислам вакво признание. Големо благодарам до Издавачкиот центар ТРИ и до сите мои читатели. Да продолжиме да ги споделуваме научените лекции бидејќи некогаш нашата научена лекција може да промени нечиј живот. Се гледаме на врвот, а наскоро и со нова, петта книга! – напиша Петров на својата фејсбук-страница.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.