Костал Македонија обезбеди приватно здравствено осигурување за сите вработени. Ова  е еден од најголемите договори за приватно здравствено осигурување во државата склучен со Кроација Осигурување.

Костал Македонија обезбеди приватно здравствено осигурување за сите вработени

Сите 860 вработени во Костал Македонија ќе бидат здравствено осигурени во Кроација осигурување. Ова не  само што е еден од најголемите договори од ваков тип случен во државата, туку и пример за грижата на една компанија кон своите вработени.

Костал Македонија е германска инвестиција во земјава и со потпишувањето на овој договор, преку партнерски однос со Кроација осигурување неживот поставува нови стандарди на осигурителниот пазар. Посебно во делот на приватното здравствено осигурување.

Изборот за Кроација, од Костал Македонија го објаснуваат поради одличниот пристап кон приватното здравствено осигурување, лесно достапната услуга за вработените зад кој пристап стои сопствен Контакт центар како и широко распространета мрежа на даватели на здравствени услуги кои имаат договорен однос со Кроација.

„Потпишување на овој договор ја поставува нашата компанија високо на листата кредибилни и доверливи партнери за осигурување. Иако интересот за приватно здравствено осигурување расте, сепак сè уште не се јасни придобивките од ваков тип осигурување коешто овозможува брз и лесен пристап до врвни специјалистички услуги во делот на здравството.

Овој договор за нас во Кроација истовремено покажува дека стандардите кои ги поставуваме се вистински избор за клиентите, а довербата што ја добиваме е поттик само да бидеме подобри во нашата работа”, изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

Костал Македонија со овој договор поставува нови стандарди за компаниите кои сакаат да растат и да се развиваат во Македонија. Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија смета дека грижата за вработените е влог во заедничката иднината.

-Здравјето и благосостојбата на вработените е наш приоритет и со овој тип договор покажуваме дека нашите вработени се во центарот на сите наши активности. Нема развој на една компанија ако немате задоволни, среќни и здрави вработени. Грижата за нив мора да ја спроведеме и во пракса, а на овој начин знаеме дека нашите вработени во секое време ќе добиваат врвна медицинска услуга, која општо земено, во нормални услови посебно сега во време на пандемија, на сите ни е повеќе од потребна”, изјави Мизо

Кроација осигурување е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, а на македонскиот пазар е присутна од 2009 година. Со долгогодишната работа и богатото портфолио создаде капитал од знаење, традиција, стабилност и доследност во работењето, кое го има стандардизирано со имплементирање на најнапредните меѓународни сертификати за квалитет и за задоволство на корисници.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.