Педесетина дена по смртта на познатиот кантавтор, семејството Балашевиќ полека се враќа на обврските од секојдневниот. Алекса Балашевиќ му се враќа на организирање натпревари на УФЦ, а на Инстаграм се огласи и неговата мајка Оливера. Таа ја најави премиерата на цртаниот филм „Čađava bajka“, а заедно со сликата објави и цитат од нејзината книга „Планета двориште“.

„Дури и ако некој ми понудеше да го поминувам животот повторно, јас дефинитивно ќе се држев до истиот низ кој поминав и не би се повлекла дури и таму каде што знам дека ме чека нешто тешко и лошо, бидејќи би се плашела дека само чекор од таа патека може неповратно да ме одалечи од нив“.

Премиера на кусиот анимиран филм „Čađava bajka„ е закажана за четврток, 8. април 2021 година, точно напладне на YouTube каналот на Оливера Балашевиќ.

Најпознатата Оливера во регионот во 2019-та година ја претстави на јавноста својата прва книга, романот „Планета двориште“.

Потпишан со Оливера Савиќ Балашевиќ, романот од читателската јавност беше оценет како мошне пријатно литерарно освежување, со напомена дека писателката со своето првенче покажа раскошен талент за пишување.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.