Денес, по повод Денот на државноста на Србија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе им додели одликувања на заслужни поединци и институции.

Mеѓу добитниците кои ќе добијат одликувања во Палатата на Србија се режисерот Емир Кустурица, фронтмен на групата „Рибља чорба“ – Борисав Бора Ѓорѓевиќ, како и рускиот скулптор Александар Рукавишников, автор на споменикот на Стефан Немања.

Меѓу добитниците на наградите во Сретење е и патријархот Кирил Московски и цела Русија.

Сретенскиот орден од прв степен ќеи биде доделен и на актерската легенда Александар Берчек, додека орденот „Сретење“ од втор степен ќе му биде доделен на писателот Перо Зубац.

Караѓорѓевата ѕвезда од првиот степен ја добиваат режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, музичарите Стефан Миленковиќ, Горан Бреговиќ, Момчило Бајагиќ Бајага, како и сликарот Милан Циле Маринковиќ и оперската дива Јадранка Јовановиќ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.