Lee Kun-hee- човекот што од Самсунг направи светски лидер. Човекот, кој го направи Самсунг светски телекомуникациски гигант, почина минатата недела на 79-годишна возраст, откако беше прикован на кревет во 2014 година од срцев удар.

Lee Kun-hee- човекот што од Самсунг направи светски лидер

Најбогатата личност во Јужна Кореја и претседател на Samsung Electronics Co, остави зад себе значителен имот што потенцијално ќе го наследи неговото семејство, но исто така ќе биде предмет на данок на наследство.

Форбс го проценува неговото богатство на 20,9 милијарди долари, за што се очекува значителен данок на наследство.

Акции

Ли поседуваше најголем број акции во Јужна Кореја и имаше удели во четири компании од Самсунг, кои котираа на берза. Нивната вредност е проценета на околу 16,1 милијарди долари по завршна цена на тргувањето на крајот на минатата недела.

Неговата сопственост на акции вклучува 4,18 отсто обичните акции на Samsung Electronics и 0,08 отсто приоритетните акции, со вкупна вредност од околу 15 билиони вони. Удел од 20,76 отсто во Samsung Life Insurance во вредност од околу 2,6 билиони вони. Удел од 2,88 отсто во Samsung C&T во вредност од околу 564 милијарди вони. И 0,01 отсто удел во Самсунг СДС во вредност од околу 1,67 милијарди вони, пресмета Ројтерс врз основа на податоците на Комисијата за фер трговија.

Недвижен имот

Неговите две познати куќи во центарот на Сеул се најскапите куќи во земјата. Едната со површина од 1.245,1 квадратни метри, а другата со и 3.422,9 квадратни метри. Тие се проценуваат на околу 40,9 милијарди вони и 34,2 милијарди вони, објави новинската агенција Yonhap, претходно оваа година.

Голем данок на наследство

Според јужнокорејските даночни правила, пред да се примени стапката на данок на наследство од 50 проценти на берзанските акции, на проценетата вредност на имотот на починатиот се додава премија од 20 отсто што ќе се заснова на четиримесечен просек на акциите на затворање на тргувањето пред и по смртта, пренесуваат медиумите.

Според сегашните проценки, данокот на наследство само за горенаведените акции се очекува да биде околу 10,6 билиони вони, посочува Ројтерс.

Богатство на деца

Jay YLee, кој е де факто наследник на Ли, има удели во вкупна вредност од околу 7,2 билиони вони во шест придружни компании на Samsung Grupe, на затворањето на берзата минатата недела.

Помладиот Ли има 0,7 отсто удел во  Samsung Electronics и 17,3 отсто удел во Samsung C&T, де факто на холдингот. Исто така, тој поседува удел од 9,2 проценти во Samsung SDS, 1,5 отсто во Samsung Engineering. И околу 0,1 процент во осигурувањето за живот на пожарното и поморското осигурување на Samsung, според регулаторните извештаи.

Ќерките Lee Boojin, извршен директор на Shilla Hotel и Lee Seo-hyun, кој ја води фондацијата Samsung, имаат удел во Samsung C&T и Samsung SDS во вредност од околу 1,6 трилиони вони.

Една петтина од БДП

„Самсунг“ е убедливо најголем меѓу јужнокорејските конгломерати кои доминираат во економијата на таа земја, и 12-ти најсилен во светот.

Глобалниот промет на компанијата е еднаков на една петтина од БДП на Јужна Кореја. Токму, поради тоа е клучен за економското здравје на земјата.

Lee Kun-hee го наследи раководството на компанијата од неговиот татко и речиси 30 години беше на чело на компанијата. За тој период  Samsung Elektronics стана глобален бренд и најголем производител на паметни телефони, телевизии и чипови во светот.

Leave a Comment