Летачки такси – работа вредна милијарди?- ветуваат малите електрични авиони. Станува збор за проектот Volocopter, за кои инвеститорите повторно дадоа стотици милиони евра. Ова се мали електрични авиони кои, според оптимистичките прогнози, би можеле да се возат низ градовите за неколку години. А, бизнисмените коишто влегуваат во оваа работа веруваат во милјардерска  заработка…

Реалност или филм

Оваа идеја потсетува на филмот „Петти елемент“ со Брус Вилис и Мила Јововиќ, снимен во доцните 90-ти. Во овој филм заплетот е поставен во 2263 година, кога низ градот  се возат летачки автомобили. Тогаш никој не можел ни да сонува што тврдат ентузијастите денес, кои намирисаа добра работа – дека градските возила можат да летаат веќе во третата деценија на овој милениум.

Барем на тоа се надеваат во компанијата Волокоптер (Volocopter) од градот Бруксал, недалеку од Штутгарт. Тие собраа инвестиција од околу  200 милиони евра, покрај 122 милиони со кои порано го започнаа бизнисот. Во овој бизнис има големи играчи: логистика на Германски железници, Интел, Дајмлер и кинескиот производител на автомобили Џили. Сега се приклучија и добавувачот на автомобилската бранша „Континентал“ и гигантскиот фонд „Блекрок“.

„Преку овие партнерства, можеме да ја постигнеме потребната експертиза за лансирање на првите линии во наредните години“, рече Флоријан Ројтерс, шеф на Volocopter, оваа недела.

Тие планираат да ги понудат првите комерцијални летачки такси линии во следните две години. Компанијата развива мали автономни авиони слични на хеликоптери кои би можеле да им овозможат на патниците да избегнуваат метеж во сообраќајот и безбедно да стигнат до својата дестинација. Се работи и на логистички бесплатно летало наменето за испораки.

Летачки такси – работа вредна милијарди

 

За концептот на урбан транспорт се дебатираше со децении. Леталата се   гледаат како пригоден начин да се заобиколат гужвите. А,  стануваат реалност со напредувањето на сензорите и брзиот интернет кои спречуваат колизија. Главните предизвици се сепак релативно мала носивост и батерија што не може да издржи подолги летови.

Пионери во големиот бизнис

Волокоптер е основан пред десет години и заедно со германскиот конкурент Лилиум е еден од пионерите на оваа млада индустрија. Лилиум од Минхен, кој работи на мал автономен авион со 36 мотори, сега  веќе вреди повеќе од милијарда долари. На колку се проценува вредноста на Волокоптер, засега не се говори.

Но, јасно е дека низ светот започна трка околу тоа кој ќе го има првото летачко такси. Покрај американскиот  старт-ап „ Džobi “, и  великаните на традиционалниот авио сообраќај, како што се „Ербас“ и „Фолксваген“ги развиваат своите летала.

Аналитичарите на инвестициската банка „Морган Стенли“ проценуваат дека пазарот на летачки такси може да биде тежок за 1,5 милијарди долари годишно до 2040 година.

Европската агенција за летови EASA исто така пресметува дека компаниите како Волокоптер и Лилиум ќе ги добијат потребните дозволи во следните четири или пет години. Волкопотер побарал дозвола во САД уште во декември.

Според весникот „Велт“, минатата година во индустријата биле инвестирани над милијарда долари. Низ целиот свет, над двесте компании работат на тоа, три четвртини од нив доаѓаат од Кина. Весникот пишува дека „започна последната рунда во борбата за водство на летечкиот пазар на такси“.

(Дојче веле) Фото: Волокоптер

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.