Либерти Скопје лани постигна позитивни резултати. Оперативната добивка достигнува до 1.879.717.000 денари  при што финансиските приходи се 83.154.000 денари. Вкупната добивка достигнува сума од 1.868.583.000 денари. Со што не само што е покриен минатогодишниот минус туку има и реална позитива.

Либерти Скопје лани постигна позитивни резултати

-По успешно завршената 2020 година, компанијата ќе продолжи да се залага во унапредување на стратегијата за намалување на внатрешните трошоци за да биде конкурентна на пазарот. Во фокусот на групацијата е еколошкото производство, односно произвосдтво кое е јаглерод – неутрално, и тоа до 2030,“ објави компанијата во образложението за постигнати резултати за 2020 година на Македонска берза.

Либерти Скопје

Либерти Скопје е дел од Либерти Стил Групацијата, глобална компанија за челик и рударство која има 200 производствени капацитети во 10 земји. Либерти Скопје има годишен производствен капацитет од 750к тони ладновалан, 200к тони поцинкуван како и 77к тони пластифициран челик со кои ги опслужува клиентите од градежната и општата индустрија низ Балканот и Југоисточна Европа.

Компанијата брои околу 480 вработени и има за цел да биде најсилниот деловен партнер за челик низ целиот регион, нудејќи им на клиентите сигурни, флексибилни и иновативни производи. Компанијата произведува ладно валан челик, поцинкувани котури и плочи, и пластифицирани котури. Фабриката има голем број на производствени процеси, вклучувајќи: линија за Лужење, Тандем, Двостан, Поцинкална и линија за Пластификација.

Зголемени приходи од продажба од извоз

Реализираните приходи од продажба во периодот 2019-2020 година бележат благ раст, што главно се должи на зголемените приходи од продажба од извоз, иако продажбата на домашен пазар бележи благ пад.

Зголемениот приход се должи главно на поволната пазарна цена на глобално ниво на челикот која придонесе за раст на приходите. Продажбите во количини се на планираното ниво како и предходните години.

Реализираните приходи од продажба во 2020 година изнеуваат 6.507.335.000 и се поголеми во однос на 2019 кога изнесувале 6.522.381.000 денари

 

Структура на приходите од продажба (2020-2019 година) во 000 денари

 

Опис 2020 2019
Приходи од домашен  пазар 1.139.785 1.161.903
Приходи од извоз 5.382.586 5.345.432

 

Оперативната добивка достигнува до 1.879.717.000 денари  при што финансиските приходи се 83.154.000 денари. Вкупната добивка достигнува сума од 1.868.583.000 денари. Со што не само што е покриен минатогодишниот минус туку има и реална позитива.

Во текот на годината поради промената на сопственоста на компанијата во Либерти групацијата,  се промени и начинот на продажба. Така  што продажбата се реализира со крајните купувачи, на слободен пазар. Побарувањата од купувачите се воглавно обезбедени со авансни плаќања, банкарски гаранции или осигурани парични лимити за продажба кои ги гарантираат осигурителни компании.

Расходите бележат значително намалување во однос на минатата година и тоа најзначајно кај суровините и материјалите: Главно поради значитлно намалување и оптимизација за залихата на суровини. Исто така, удел во намалување на расходите има и поволното движење на цените на челикот.

Расходите во 2019 изнесуваа 7.190.495. 000 денари доодека лани се намалени на  6.271.098.000 денари

Вложувања во материјални средства

Во 2020 година како и претходните години компанијата имаше одредени инвестиции кои секако треба да допринесат за подобар резултат и поголема ефикасност. Воедно и побрзо и на повисоко ниво извршување на работните задачи, како и подобар квалитет на производите и помал процент за отпад и оштетени производи.

Со цел подобрување на резултатите од работењето, основна определба на компанијата е:

  • Систематското управување со квалитетот на работните процеси,
  • Воспоставувањето на долгорочни партнерски односи со купувачите и добавувачите,
  • Реализација на барањата на купувачите,
  • Квалитет на производите и услугите, усогласен со нормативните барања на стандардите и законските регулативи,
  • Постојана обука на персоналот за реализација на работните процеси,
  • Тимска работа и комуникација и
  • Постојано подобрување на реализацијата и квалитетот на работните процеси.

Во насока на оваа во инвестициите кои ги планираше компанијата делумно ги покажаа резултатите во 2020. Но и продолжуваат со реализација во 2021 се:

  • Подобрување на системот за ладење на електро опрема на Тандем. Целта на проектот е намалување на финасискиот трошок (преку намалување на количината на вода за ладењe)  со употреба на нов систем за воздушно ладење и пуштање во работа на два  бунари како дополна на постојната вода за ладење. Проектот е започнат во 2020 – дел од активностите се започнати/реализирани ( канали за воздух, врати за регулација на протокот на воздух) а дел се очекува да се завршат во првиот квартал на 2021.
  • Нов разбој за боење на траката на линијата пластификација, заедно со нов магацин за боја. Проектот е реализиран во летото 2020 и сега линијата Пластификација работи со новиот разбој со двојна глава за фарбање со кој се скратува времето за промена на боја и се подобрува квалитетот на нанесената боја на траката.

Обновување на производната технологија продолжува и годинава

„Нова када бр. 4“ на Лужилница (проектот е реализиран во  првиот квартал 2020). Цел на проектот беше замена на постојната „када 4“ која во изминатите години имаше постојани протекувања на киселина кои негативно влијаеа на екологијата, произвоството и ја деградираа останатата опрема на линијата. Во 2019 година изработена е кадата од страна на австриската фирма Koerner. Вградена е на почетокот на 2020 година и функционира без поголеми проблеми до денес.

  • Парни котли (p-8bar, Q-4t/h x 2 котли) за самостојно снабдување на погонот со пареа. Во 2020 направени се припреми, проект и избран е најдобар понудувач за изведба на котлите. Реализацијата на работата се очекува во 2021 година.
  • Модернизација на одмотувачите на Пластификација со замена на воздушните кочници со електромотор и редуктор со што ќе се намалат застоите и ќе се подобри безбедноста при работа на влезен дел на линијата.  Реализацијата на работата се очекува во 2021 година.
  • Подобрување на системот за дојава на пожар со инсталирање на нови детектори на критични позиции и интегрирање на сите детектори во еден централен систем. Продолжување и модификација на постојаната хидрантска мрежа на сите линии. Дел од активностите се реализирани во 2020 додека другиот дел остануваат за 2021 година.
  • Проекти поврзани со кранови – работено е на обновување на кранската патека на Припрема, набавен е нов самоутоварувач, направен е нов магацин за метален отпад.
  • Замена на шес ладилника за водено ладење, модификација на прирабници за ЕМ и линија за водна инсталација до ладилници, (проектот е  реализиран во првиот квартал 2021). Цел на проектот е подобрување на системот за ладење на печка на Поцинкална.

Инвестициски активности во 2021

Покрај многубројните проекти реализирани минатите години, нашата компанија продолжува со инвестициските активности и во 2021 година. Дел од планот за проекти за наредната година се:

  • Модернизирање на машината  за заварување на Лужилница. Цел – подобрување на доверливоста на машината за заварување.
  • „Нова када бр. 3“ на Лужилница. Цел – замена на постојната када 3 од која во изминатите години имаше постојани протекувања на киселина кои негативно влијаеа на екологијата, произвоството и ја деградираа останатата опрема на линијата.
  • Модернизирање на Тандем моргоил системот. Цел – подобрување на системот за ладење, доведување на опремата во стандардна состојба.
  • Тандем мерни келии. Цел – мерење на затегањето на трака со што ќе се подобри извадокот, квалитетот.
  • Нова узда бр.1 по машина за заварување. Цел – подобрување на затегањето и многу постабилна трака во влезна резерва.
  • Нова узда бр.2 лоцирана пред “Подвижниот ваљак” Цел – подобра контрола на затегањето и постабилна трака во печка.
  • Нови систем за ладење на трака во печка наместо водени џетови 1-3. Цел – подобрување на ладење на траката во печка, поголема брзина/продуктивност на материјал со поголема дебелина (>1mm).
  • Инсталирање на систем за мерење на затегање во процесен дел на Поцинкална . Цел – ќе се добие систем кој ќе биде интегриран во постојниот автоматски систем на линијата, поголема стабилност, можност за пратење на параметрите.
  • Инсталирање на систем за водење на трака на излезен дел. Цел – стабилна трака на излезен дел која како резултат ќе овозможи подобар квалитет и продуктивност (можност да се работи со поголеми брзини).
  • Единица за деми вода која се користи на линиите за Пластификација, Емулзионо. Цел – подобрување на квалитетот на материјалот.

Идни планови за развој и раст

Прв приоритет е безбедност и здравје на вработените како и животната средина. Приоритет на компанијата е да продолжи да расте и на други пазари и да продолжи да развива нови продукти на барање на нашите потрошувачи со цел да ги задоволи нивните потреби и барања. Компанијата ќе продолжи да се залага во унапредување на стратегијата за намалување на внатрешните трошоци за да биде конкурентна на пазарот.

Од јули 2019 ЛИБЕРТИ АД Скопје заедно со уште пет единици во Европа од Групацијата „АрцелорМиттал“ беше купен од новиот сопственик Либерти Хаус (Liberty House), меѓународна групација со седиште во Велика Британија. Целокупната продажба беше следена од Европската комисија која ја анализираше целата трансакција.

Инаку новиот сопственик – Liberty House Group (Либерти Хаус Груп) е меѓународна групација со седиште во Велика Британија, специјализирана за производство на челик и алуминиум. Аисто така и за важни трговски операции со суровини и рециклирање на метал. „Либерти Хаус“ има свои капацитети не само во Велика Британија туку и во САД и Австралија.

Оваа фаза во историјата на нашата компанија отвара нова можност не само за продолжување на производството на челик и ширење кон други пазари, туку и за развој и модернизација на компанијата како и внес на нови искуства и видици.

Во фокусот на групацијата е еколошкото производство, односно произвосдтво кое е јаглерод – неутрално, и тоа до 2030. Ова подразбира истражување во однос на најдоброто користење на новите технологии, како што е производство на челик со емисија на водород преку обновливи извори. Ова вклучува и рециклирање на челичен отпад во електрични печки и користење на обновливи извори на енергија. Целта е да се намали потрошувачката на струја и емисијата на СО2.

Успешно завршената 2020 година со добивка е резултат на напорната работа на сите инволвирани страни и вработените и ќе биде потик за понатамошно поголемо залагање. Секако ова ќе отвори нови можности за идни соработки.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.