„Магрони“ со нова инвестиција за полнење вода по најсовремени стандарди.„Магрони“, кон крајот на минатата година, и покрај сериозните ограничувања поради пандемијата, направи значајна инвестиција од повеќе од 300.000 евра. Компанијата за производство и за дистрибуција на природна минерална вода и на природна изворска вода, следејќи ги најсовремените светски стандарди и трендови, вложи во зголемување на капацитетот и подобрување на производствениот процес на фабриката.

„Магрони“ со нова инвестиција за полнење вода по најсовремени стандарди

-Новата опрема, како што информираат од компанијата, веќе претставува активен дел од производствениот процес.

 „Ладна“ во повратна амбалажа

Станува збор за опрема со највисок квалитет за полнење природна изворска вода „ладна“ во повратна PC амбалажа од 19 литри и во неповратна PET амбалажа од 10 литри. Амбалажата е од реномираниот производител R.Bardi S.r.l од Фиденца и од Италија.

Со опремата, која е изработена од висококвалитетни материјали и елементи од машински, електро и од софтверски аспект, се модернизираше производствениот процес и се овозможи поголем капацитет за полнење висококвалитетен производ на дневна основа.

Посветеноста на „Магрони“ на квалитетот и на желбата за иновација ја мотивира компанијата постојано да бара начини на кои ќе ги подобри работата и својот краен производ.

Значајни карактеристики на новата опрема за полнење вода се: висока ефикасност, најсофистициран патентиран систем на миење и дезинфекција на повратна амбалажа во пет чекори, целосно автоматизирано полнење, заштита од секакви надворешни влијанија и контаминации на производот, автоматизиран процес на апликација на капаче и етикета, како и независен пневматски уред за отстранување капачиња од повратната амбалажа.

Функционирањето на опремата е во согласност со системите за заштеда на вода и на енергија, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за заштита на животната средина.

„Досега работиме успешно, но за да ја продолжиме успешната приказна мораме да дадеме максимум бидејќи знаеме дека потрошувачите го очекуваат токму тоа од нас. Постојано инвестираме во унапредување и во осовременување на опремата и на фабриката во целост. Целта е да обезбедиме колку што е можно подобри услови за работа и најдобар можен производ за нашите потрошувачи. На крајот од денот, свесни сме дека тие во нас вложуваат нешто многу важно – својата доверба“, изјавија од „Магрони“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.