Македонски телеком со раст во сите сегменти во 2020 година. Македонски телеком АД Скопје лани ги зголеми приходите од продажба за 2,3 отсто во споредба со претходната година. Овие приходи од продажба во деловната 2020 година изнесуваат 11.085.220.000 денари. Резултатите се прикажани во Образложениетоза работењето на Македонски телеком во 2020 година, што компанијата го достави до Македонска берза.

Македонски телеком со раст во сите сегменти во 2020 година

 

Лидер во фиксни говорни услуги

МКТ успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 62,5 проценти (интерна проценка). Односно 221 илјади корисници на крајот од 2021 година.

Приходите од говорни услуги во 2020 година во фиксниот сегмент се намалија за 1,5 проценти во споредба со претходната година. Пред се поради намалениот појдовен сообраќај за 4,4 отсто како и намалениот меѓународен дојдовен сообраќај. На крајот од 2020 година бројот на корисници на фиксна телефонија (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) бележи зголемување за 2,4 отсто споредено со претходната година.

МКТ на пазарот на мобилна телефонија со удел од 47,8 отсто

На пазарот на мобилната телефонија МКТ има удел на пазарот од 47,8 отсто (интерна проценка). Базата на претплатници на крајот од годината изнесува 1.104.000 претплатници и е намалена за 9,4 отсто во однос на претходната година.

Приходите од говорни мобилни услуги вклучително и приходите од говорни услуги – големопродажба на крајот од 2020 година се намалени за 4,4 отсто во споредба со претходната година. Ова намалување главно произлегува од намалувањето на приходите од при-пејд сообраќај, намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација и намалените приходи од роаминг заради COVID – 19 пандемијата. Дополнително на тоа влијаеше и намалувањето на цените од 1. јули 2020 година со земјите од западен Балкан. Секако во согласност со измените во регулативата во делот на говорните услуги во роаминг во рамки на Балканските земји.

Комбинираниот ARPU (просечниот приход по корисник) бележи зголемување од 1,4 отсто во споредба со претходната година. И тој достигна 361 денари главно придвижен од зголемувањето на учеството на пост-пејд претплатниците во вкупната база на претплатници.

Интернетот и ТВ сегментите во нагорна линија

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) на крајот од 2020 година е зголемен за 4,7 отсто.Односно изнесува 213,8 илјади во споредба со 204,2 илјади на крајот од претходната година.

Бројот на претплатници на широкопојасен интернет (без големопродажба) на крајот од 2020 година е зголемен за 6,3 проценти. Односно се искачи на 191,1 илјади во споредба со 179,7 илјади на крајот од претходната година.

Уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од 2020 година изнесува 49,4 отсто (интерна проценка). Инвестициите во оптичката мрежа резултираат во континуиран раст на бројот на домаќинства покриени со оптички пристап.

На крајот од 2020 година Македонски Телеком овозможи пристап до оптика на 39,2 отсто домаќинства во земјата. Или повеќе од 221 илјади домаќинства имаат можност да ги користат бенефитите на нашата оптичка мрежа што е за 12,8 отсто повеќе споредено со минатата година.

Во однос на ТВ пазарот, МКТ има лидерска позиција со 33,8 отсто (интерна проценка) удел од вкупниот ТВ пазар.

IPTV (дигитална телевизија преку Интернет протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, е одлично прифатена на пазарот. МКТ на крајот од 2020 година оствари зголемување на бројот на корисници на IPTV (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 4,5 отсто во споредба со претходната година. Тоа резултираше со база од 142,5 илјади корисници на крајот од 2020 година.

Приходите од малопродажен Интернет на крајот од 2020 година се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходната година.

Приходите од дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од 2020 година се зголемени за 7,0 отсто во споредба со претходната година.

Мобилни неговорни услуги

Приходите од неговорни услуги на крајот од 2020 година се намалија за 1,6 отсто во споредба со претходната година. Главно како резултат на намален GPRS сообраќај од роаминг и од GPRS припејд. Што пак е компензирано со поголем GPRS сообраќај од пост-пејд и зголемено користење на пакетни тарифни модели со вклучени неговорни услуги.

Приходите од системска интеграција и ИТ услуги на крајот од 2020 година се зголемија за 63,3 отсто во споредба со претходната година како резултат на поголемиот број на ИКТ проекти. Исто како и зголемени приходи од Cloud Computing услугите и интернет заштита.

Приходите од продажбата на опрема на крајот од 2020 година се зголемија за 7,4 отсто во споредба со претходната година. Тоа воглавно се должи на повисоката просечна продажна цена на мобилни апарати како и поголемиот број на продадени мобилни апарати на рати заради задржување на претплатниците.

 Зголемување на оперативните расходи

На страната на трошоците, на крајот од 2020 година оперативните расходи бележат зголемување од 3,7 проценти во споредба со претходната година. Тоа во најголем дел се должи на значајното зголемување на трошоците за набавна вредност на трговските стоки во линија со зголемувањето на приходот од оваа категорија како и зголемените трошоци за амортизација.

Трошоците за вработени се намалени за 5,8 отсто на крајот од 2020 година во споредба со претходната година. Расходите за услуги со карактер на материјални трошоци се зголемени за 6,7 отсто на крајот од годината во споредба со претходната година.

Трошоците за амортизација се зголемени за 3,2 отсто во споредба со претходната година. И тоа главно се должи на амортизацијата на права за содржини и софтвери и лиценци во линија со зголемувањето на капитализацијата на овие категории.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од 2020 година изнесуваат 2.285.948.000 денари.

 Оперативна и нето добивка

Горенаведените движења на страната на приходите и трошоците резултираа со благо намалување на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) во 2020 година за 0,6 отсто во споредба со претходната година. Следствено, EBITDA маргината во 2020 година изнесува 39,8 отсто.

Оперативната добивка пред камати и оданочување (EBIT) за 2020 година е намалена за 6,6 проценти во споредба со претходната година.

Нето добивката за 2020 година е зголемена за 6,5 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.603.171.000 денари. Овој пораст главно се должи на зголемувањето на финансиските приходи, како резулатат на зголемени приходи од камати од ослободување на резервирани средства за еден правен спор, за кој Апелационен суд донесе одлука во корист на Друштвото.

 План и очекувања за претстојниот период

Позитивниот резултат на МКТ во 2020 година ги дава неопходните предуслови за понатамошно продолжување на Стратегијата на раст развиена за наредниот период во следниве области:

– Раст на вредноста на базата – постојни корисници со зголемена вредност со предлог вредност на сегментот, поедноставен и пресонализиран пристап кон корисниците ;

– Градење на ИКТ како извор на приходи со фокус на нови сегменти (Паметни градови – Smart City, Cloud можности итн.);

– Инвестиции во понатамошна модернизација на мобилната мрежа преку обезбедување на најдобра поврзаност и корисничко искуство; – 5G мобилна мрежа.

– Поблиска интеракција со корисниците преку дигитални канали;

– Водство на дигиталната трансформација во бизнисот и општеството;

Македонски Телеком останува посветен на беспрекорно одржување на капацитетот на мрежата и интернет пристапот, за да обезбеди непречена комуникација и поврзување на сите корисници

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.