Македонскиот филм „Господата од современа“ (Consuming Contemporary) на талентираната Ана Алексовска освои важно признание на штотуку завршениот „Кустендорф“ – Бронзено јајце. Ова е голем поттик за Ана да продолжи понатаму, но и признание за македонската филмска уметност, која последниве години бележи успеси!

Четиринаесеттиот меѓународен филмски и музички фестивал „Кустендорф“ заврши на 25-ти јануари со доделување награди на најдобрите филмови од натпреварувачката програма.

Членовите на жирито, Мики Манојловиќ, Алис Рорвахер, Бруно Тариер и Мишел Аматје, одлучија едногласно да ја доделат наградата Златно јајце за два филма „Пресуда во случај К“, во режија на Узгир Анил од Австрија и филмот „Право по раѓање“, во режија на Инбар Хореш од Израел.


Имињата на добитниците на наградите ги објави актерот Мики Манојловиќ, велејќи:

„Не беше лесно да се донесуваат одлуки, но ние ги донесовме едногласно. Тие два филма се најдобри според нас, затоа што го имаат сето тоа. Тие имаат приказна, прилично добри приказни, тие се многу добро режирани, многу добро снимени, како и монтирани, глумата е добра… Имаат сè. Сметаме дека 22 млади режисери, филмаџии, цели филмски екипи, луѓето кои работеа на тие филмови, се многу талентирани. Се надеваме дека режисерите на сите филмови, особено режисерите на двата победнички филма, ќе станат одлични режисери. Во блиска иднина”.

Наградата Сребрено јајце ја објави Бруно Тариер и ја освои филмот „Дожд“, во режија на Пјотр Милчарек од Полска.

Третото место, односно наградата бронзено јајце, го освои филмот „Господата од современа“ (Consuming Contemporary), во режија на Ана Алексовска од Македонија.


Наградата ја додели Алиша Рорвахер со порака:

„Оваа награда оди за филм во кој се зборува за уметноста и гладот. Режисерот ни покажа незаборавен лик. Со толку многу нежност, радост и гледање на овој филм мислевме дека таа е прекрасно живо суштество и ми се чини дека секогаш е важно да се укаже на врската помеѓу живите суштества и добрите режисери и филмови. Се чувствува таа поврзаност помеѓу режисерот и ликот“.

Наградата „Вилко Филач“ за најдобра камера ја доби Сезар Столецки за филмот „Купола, слатка купола“, во режија на Агата Пушч од Полска.

На затворањето на фестивалот, Емир Кустурица рече дека е многу среќен што се одржа уште еден фестивал, четиринаесетти по ред

„Четиринаесет години се обидуваме и успеваме, од година во година, со добри вибрации и филмови. А, причината зошто сум особено среќен е што секоја година имаме 300, 400, 500 филмови од кои избираме 20, и да речеме дека за половина од нив, можеме да кажеме дека се одлични!“ – истакна Кустурица.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.