„Макпетрол“ со 2,5 пати намалена добивка поради кризата. На крајот на 2020 година, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 381,05 милиони денари која е помала за 60,70 отсто, односно, помала за приближно 2,5 пати од остварената добивка во 2019 година кога изнесуваше 969,53 милион денари.

– Основна причина за намалување на остварените приходи и добивката е намалување на прометот на стоки и услуги со почнување на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19.“ Ова е наведено во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат во 2020 година доставено до Македонска берза.

„Макпетрол“ со 2,5 пати намалена добивка поради кризата

 „Макпетрол“ АД – Скопје лани оствари вкупен приход во износ од 16,76 милијарди денари. Овој приход е помал од 2019 година за 6,14 милијарди денари, односно забележа пад од 26,82 отсто. Во структурата на приходите, најголем удел со 98,8 проценти имаат приходите од продажба. Од нив 97,0 проценти се остварени со продажба на домашниот пазар, а само 1,8 отсто приходи се остварени со продажба на странски пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 16,38 милијарди денари што претставува намалување во однос на претходната година за 5,55 милијарди денари или за 25,32 отсто.

На крајот на 2020 година, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 381,05 милиони денари која е помала за 60,70 отсто, односно, помала за приближно 2,5 пати од остварената добивка во 2019 година кога изнесуваше 969,53 милион денари.

Пад на потрошувачката

Поради рестриктивните владини мерки, покрај здравствената криза се јави и економска криза во поголем обем, која најмногу ги погоди дејностите од областа на транспортот, угостителството и туризмот како и најголемиот број микро, мали и средни трговски друштва. Мерките, неизбежно, имаа големо негативно влијание и врз работењето на „Макпетрол“ АД Скопје во 2020 година.

Со воведувањето на полицискиот час и со останатите рестриктивни мерки, „Макпетрол“ АД Скопје, се соочи со пад на потрошувачката во сите сегменти од своето работење.

„Истакнуваме дека најнегативно влијание од воведените мерки се искажа кај прометот на млазното гориво. Односно кај извозот. Имено со мерката за затворање на аеродромите, од 27.196 тони во 2019 година се намали на 8.914 тони лани. Со тоа и приходите од продажбата на странски пазар се намалени од 1.247,4 милиони денари во 2019 година на 306,6 милиони денари во 2020 година, “ соопштија од компанијата.

Особено е важно да се истакне, се нагласува во информацијата, дека со воведување и придржување до строгите превентивни здравствени протоколи, на сите локации на кои што Друштвото ги врши дејностите, во ниту еден момент не се загрози здравјето на вработените и здравјето на потрошувачите, а со самото тоа се овозможи непречено функционирање на Друштвото.

Исплатени дивиденди

Друштвото започна со исплата на дивиденда на 24.8.2020 година во бруто-износ од 202.758.000 денари. Односно исплати по 2.000 денари во бруто- износ по акција согласно Одлуката за исплата на дивиденда по Годишна сметка на Друштвото за 2019 година.

– Во овој период, компанијата изврши вложувања во нетековни средства во износ од 293,3 милиони денари со што процесот на инвестирање во Друштвото продолжува и покрај кризата.

Исполнување на планот

Во извештајниот период остварена е добивка помала од планираната за 2020 година, поради претходно образложените причини, а очекувањата за деловната 2021 година се во согласност со Планот за работење на Друштвото.

Со мерките кои што ги презема менаџментот на Друштвото не се предизвика потреба од отпуштање на вработени, кој што број остана стабилен и во време на криза. А, покрај тоа  „Макпетрол“ како општествено одговорна компанија, донираше 1.000 таблети, за учениците во 20 основни училишта ширум државата.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.