На меѓународниот Ден на жената – 8-ми март, Милчо Манчевски, нашиот голем режисер, како голем џентлмен, дозволува бесплатен стриминг на филмот „Мајки“. Само денес, во 18 часот…

– Мајки е многу чуден филм, понекогаш префинет, потресен и често елиптичен. Еден од најинтересните и најоргиналните режисери во последно време. Еден од оние автори кои кои не се плашат да им се спротистават на жанровите и да ги поместуваат границите – напиша Диего Пиерини (Лаудвижн).

До лингот за стримингот посетете ја фејсбук страната на Манчевски

Да се потсетиме – „Мајки“ е македонски филм од 2010 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. „Мајки“ бил македонскиот кандидат за номинација за “Оскар” на 83. доделување на наградите на Академијата.

Филмот е триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни. Првата приказна се одвива во Скопје, а во фокусот се две деветгодишни девојчиња, кои решаваат да пријават манијак во полиција, иако воопшто не го виделе. Поради нивната лага, полицијата приведува еден невин човек.

Втората приказна се одвива во Мариово: новинарска eкипа, составена од новинар, камерманка и снимач на звук, снима документарен филм за животот во напуштените села во Македонија. Така, тие се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село – брат и сестра на околу 80-90 години, кои се скарани од нивната младост и кои не попуштаат да се помират и покрај тоа што се целосно осамени и во селото и во животот. Дури кога братот умира, старата и немоќна сестра, со помош на камерманката, се обидува да му ископа гроб во тврдата земја.

Третата приказна е фактографска и овој дел од филмот е со документарен карактер. Станува збор за приказна за познатиот македонски сериски убиец – новинарот Владо Танески од Кичево, кој бил осуден за силување и убиство на пензионирани чистачки. Притоа, се прикажуваат искажувањата на блиските роднини и пријатели на жртвите, но и на сопругата на Танески.

Филмот „Мајки“ беше сниман на повеќе локации низ Македонија: Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Монтажата на филмот се вршела во неколку постпродукциски студија во Париз, Лондон и Минхен…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.