Кој вели дека нашата музичка сцена е мрзлива? Таа констатација, секако, не важи за сите, а најмалку за Наташа Мијат Крстевска, позната и како Мијата.

Со години е успешна на повеќе полиња – контролор на летање, пејачка, музичар и целосен уметник. Кој не го гледал нејзиниот перформанс „Јаболки и круши за уметнички души“, веднаш нека го стори тоа.

Сестраноста на Мијата го докажува и нејзиниот најнов проект, видео-спотот за песната „Маска“, каде таа се потпишува како режисерка!

На својот фејсбук-профил Мијата напиша:

– „Драги мои, повелете уште едно видео издание – овој пат официјалниот спот за песната „Маска“. Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето… Сега задоволството е заедничко.

Темата „Маска“, која настана како рефлексија на актуелнава пандемија, е синглот кој на некој начин го најавува вториот албум на оваа извонредна личност.

Некој кој ја почуствува короната на своја кожа, одлично знае какво е значењето на носење маска.
не само во спотот, туку и секаде каде што треба.

Дали Мијата и понатаму ќе продолжи да ги режира, макар своите спотови, останува да видиме. Познавајќи ја нејзината сестраност и енергија, не се сомневаме дека и на ова поле ќе внесе и убавина и свежина.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.