Премиерата на македонскиот дебитантски (и самофинансиран) 17-минутен, краткометражен филм на Мирослав ИлиќПрашливи цвеќиња / Dust Flowers ќе се одржи на 9-ти април во киното Фросина во МКЦ. Стартот е во 19.30 часот, а влезот е бесплатен.

Филмот досега има добиено две награди за најдобар краткометражен филм и е веќе во четири официјални селекции на престижни фестивали.

Актерската екипа ја сочинуваат: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак и Христина Цветаноска.

Филмот окарактеризиран како психолошка драма, снимен во Македонија, на македонски јазик, е реализиран тековната 2021 година.


Во него се работи за една сентиментална жена која е приморана да ја откаже терапијата за да може да забремени, се соочува со тегобноста која ја сносат погрешните одлуки.

Леа, откако дознава од гинекологот дека антидепресивната терапија ја намалува нејзината шанса за бременост, нагло престанува да ја пие. Нејзиниот сопруг, Јосиф, добива отказ од работа поради негова грешка и не се чувствува подготвен за тие двајца да имаат свое биолошко дете. Со текот на настаните, Јосиф се свртува кон себе, а состојбата на Леа се влошува.

Филмот е прикажување на апсурдот и контрадикторноста во животот на двата лика. Меланхоличната смиреност која успеваат да ја задржат и покрај интерниот хаос. Потиснати од своите идеали и гневот од блиското минатото, прават одлуки кои се рефлектираат врз нив во сегашноста.

Вреди да се погледне!

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.