На сцената на МНТ во тек се подготовките на два проекта поддржани од Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година.

Претставата „Само глас“ од Нина Плавањац е во режија на Марјан Неќак, кој е, исто така, автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во неа играат првенците на МНТ – Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, а премиерната изведба се очекува кон крајот на мај 2021 година.

Вториот проект е „Митре Стрелата во земјата на чудата“/ „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, работен според еден од најчитаните текстови во 2008 година. Овој текст ќе ја доживее својата праизведба во режија на Јордан Симонов, а главниот лик го игра Александар Микиќ.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.