Во рамки на Интердисциплинарната програма Музеј на современа уметност во Скопје продолжува со циклусот онлајн предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“.
Во среда, на 3 ноември во 19 часот предавање ќе одржи Тимоти Мортон (Timothy Morton) насловено ,,Мудрост во Љубовта’’.
Тимоти Мортон е шеф на катедрата по англиски јазик на Универзитетот Рајс, САД. Мортон има соработувано со Бјорк, Џеф Бриџис, Олафур Елиасон, Хаим Стајнбах и Фарел Вилијамс. Автор е на книгите „Да бивствуваш еколошки“ (Penguin, 2018), „Темна екологија: За логика на идното коегзистирање“ (Columbia, 2016), „Ништо: Три Истражувања во будизмот“ (Chicago, 2015), „Хиперобјекти: филозофијата и екологијата после крајот на светот“ (Minnesota, 2013), „Реалистичка магија: објекти, онтологија, каузалност“ (Open Humanities, 2013), „Еколошка мисла“ (Harvard, 2010), „Екологија без природа“ (Harvard, 2007), како и други книги и околу 200 есеи од областа на филозофијата, екологијата, литературата, музиката, уметноста, архитектурата и дизајнот. Тој исто така е ко-сценарист со Џеф Бриџис, и актер во филмот „Живеејќи во минатото на иднината“, посветен на глобалното затоплување.

Автор на проектот Без/редие во светот на уметноста е Тихомир Топузовски.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.