Кога пред повеќе од четврт век „Анастасија“ го објави soundtrack-от за култниот филм на Милчо Манчевски – „Before the Rain“, знаевме дека се работи за нешто посебно. За нешто што ќе ги инспирира луѓето долго потоа. Нешто како „ Dark Side of the Moon“ на „Pink Floyd“, или „Sgt . Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ на „The Beatles“. И, не се излажавме.

Тоа е македонски музички одговор на сите прашања.

Една од потврдите дека е така е и актуелнава изложба во Белград, насловена „Анастасија“, што може да се види во Галеријата на Центарот за графика на Факултетот ликовна уметност.

Таа е создадена да одговори: дали уметноста треба да биде елитистичка или мора да излезе од галерии и музеи и да стане индустриски производ за масовна потрошувачка?

Изложбата, чии автори се Уна Кнежевиќ, Милица Поповиќ и Александар Ракезиќ, се занимава со преиспитување на употребата на уметноста како луксузна стока со голема економска вредност. Но и со комерцијална употреба на предмети од продавници за музејски сувенири. Со своите дела тие настојуваат да покажат како уметничко дело може да стане секојдневен предмет на употреба, подготвено за „потрошувачка“.


Изложбата „Анастасија“ ги обедини завршените студиите од Факултетот за ликовни уметности Уна Кнежевиќ, Милица Поповиќ и Александар Ракезиќ…

– Милица Поповиќ го претвора својот цртеж во корицата на саундтракот за филмот „Пред дождот“ на македонската група „Анастасија“. И тука дојдовме до името на изложбата, бидејќи Анастасија на грчки јазик значи воскресение. И преку примерот на христијанството, воскресението значеше премин од човечка расиплива форма во духовна, божествена форма. На примерот на дела претставени на оваа изложба, уметничката идеја преминува од оригиналната форма на сликање или фотографија во нова форма на уметничко дело, индустриски производ – вели Уна Кежевиќ, додека, пак, Александар Ракезиќ дообјаснува:

– Нашата изложба наоѓа начин да ги воскресне сликите во дела наменети за луѓе. Делата на изложбата се транспонираат преку графички медиум, со цел да се нагласи процесот на користење на уметничкото дело за потрошувачки цели…

Уметноста е за елитата или за народот, е дилема која ги инспирира младите уметници?

Уметноста треба да биде за секого, велеше Енди Ворхол.

Следејќи го примерот на таткото на дадаизмот, Марсел Дишан, кој го претвори писоарот во „Фонтана“, уметничко дело „подготвено за употреба“ што предизвика шок од почетокот на 20 век, творецот на поп-уметноста ја следеше таа патека.

Така, предметите што го сочинуваат секојдневието станаа уметност – од конзерва супа од „Кембел“ или картонска кутија производи за чистење „Брило“, па се до шише „Кока-Кола“.


Тие достигнаа вртоглави суми пари на аукции. Освен тоа, станаа инспирација за многу млади уметници. Како што се Уна, Милица и Александар, кои ја воскреснаа „Анастасија“, на нивната заедничка изложба во Белград, како нов омот за култниот soundtrack „Before the Rain“…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.