На големиот српски национални празник Сретење, Претседателот Александар Вучиќ, меѓу многуте наградени за особени заслуги во културниот и јавниот живот во Србија, годинава ги награди и некои исклучителни уметници и врвни дејци во уметноста и културата.

Меѓу нив и прославениот режисер Емир Кустурица, композиторот Горан Бреговиќ, лидерот на „Рибља чорба“ – Бора Ѓорѓевиќ, Момчило Бајагиќ – Бајага, оперската дива Јадранка Јовановиќ, режисерот Гага Антонијевиќ, актерот Александар Берчек, виолинистот Стефан Миленковиќ…

Некој на ваквиот гест ќе забележи дека за дневнополитички цели се злоупотребува уметноста. Некој ќе се согласи со ваквата теза, забележувајќи им на уметниците дека поклекнаа пред авторитетот на политичките моќници, но, вистината е, сепак, некаде на друго место.Многу повозвишено.

Џабе уметноста доколку истата не е препознаена, доколку работата на уметниците не е почитувана од политичките елити, доколку уметниците не се адекватно почитувани за своето дело.

А, може ли некој да му забележи нешто на делото на Кустурица, кој во светот ја прослави филмската уметност на овие простори? Или на Горан Бреговиќ, кој одамна е светска музичка ѕвезда.

Делото на Бора Чорба (оправдано отсутен заради нарушеното здравје)  и Бајага одамна на регионалната сцена свети со златниот сјај, а за дострелите на Стефан Миленковиќ и Јадранка Јовановиќ знае целиот свет.

Немерлив е значајот на филмовите на Гага Антонијевиќ и Александар Берчек…

Оттаму, потегот на Претседателот Вучиќ да ги награди овие врвни уметници доаѓа во вистински час. Уметноста која е важна не само за една нација, туку за сите кои се дел од регионот, треба да биде и почитувана и наградувана.

Очекуваме сличен потег и од македонските власти, и што поскоро верификување на работата на нашата уметничка елита, како што е еден Влатко Стефановски и „Леб и сол“, „Анастасија“, „Мизар“, уметникот Александар Станкоски…

Не сме дрво без корен, а и потегот би бил одлична инспирација за сите кои неуморно творат и живеат за уметноста…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.