Најдобриот нов концепт за работната недела- на тест. Поради вонредните кризни мерки, многу работи во секојдневниот живот, се променија вклучително и работното време. Оттука се наметна и прашањето: -Дали сме подготвени за драстични промени. Промена на местото каде работиме, како и промена на работното време?

Кој е најдобриот нов концепт за работната недела?

Додека некои се надеваат дека ќе можат да продолжат да работат од дома во иднина, други со нетрпение чекаат враќање на своите работни места на кои работеле пред пандемијата.

Многумина се прашуваат дали работната структура ќе се врати на она пред пандемијата, дали работното време ќе трае од 9 до 17 часот пет дена во неделата итн.

Новите предлози за работна структура се фокусираат на поголема флексибилност, додека некои се подраматични. Некои експерти за продуктивност на трудот предлагаат откажување од пет работни дена, традиционално работно време и работни места. Доколку компаниите и работниците се согласат за големи идеи, деловниот свет ќе изгледа многу поразлично отколку пред една година.

Работа на системот 3-2-2

Работната структура,3-2-2 вклучува три работни дена во канцеларија, два работни дена од дома и два слободни дена. Тоа е предлог предложен од академиците Lauren C. Howe, Ashley Whillans И Jochen I. Menges , кои го истражуваа ефектор од работењето дома на испитаници од САД и Европа. Клучот е во флексибилноста затоа што работниците можат да изберат кој начин на работа им одговара најмногу. Така тие би ја координирале работата со нивниот приватен распоред.

Овој модел е драстично различен од кинескиот распоред 9-9-6 каде вработените работат од 9 до 21 часот шест дена во неделата.

Моделот 3-2-2 може да се разликува во различни организации, особено во големите компании со голем број вработени. Целта ќе остане иста, да ги почитуваме желбите на вработените и да ја одржуваме соработката и продуктивноста на највисоко ниво.

Работна недела од четири дена

Четиридневниот концепт не е ништо ново. Некои компании го тестираа овој експеримент и експериментираа со него. Предлогот постои од 70-тите години на минатиот век и се спроведуваше спорадично во изминатите децении. Резултатите беа измешани. Сепак, вработените повикуваа на овој концепт за време на пандемија, надевајќи се дека тоа е пореално решение сега повеќе од кога било досега.

Една од причините е тоа што многумина заклучија дека работата од дома е поефикасна и попродуктивна. Па поради тоа за извршување на работните задачи не им требаат пет дена

Едно истражување во САД покажа дека 51 процент од испитаниците се попродуктивни од дома, дури и ако имаат деца.Можно е ова да е резултат на подобра концентрација и фокусирање без влијание на галамата од другите колеги. Вториот елемент е дека едноставно нема доволно работа за сите пет дена, а работниците наоѓаат време да го поминат времето само за на крајот да го исполнат работното време. Покрај тоа, предолгото останување на работа може да има негативно влијание врз продуктивноста, како и врз последиците од менталното здравје.

Четиридневниот концепт почна да го тестира компанијата Unilever од Нов Зеланд при крај на 2020. Работниците во оваа компанија работат 80 проценти од своето работно време, но добиваат целосна плата и постигнуваат 100 проценти од нивните деловни цели. Исто така, самите работници избираат слободен ден, со што се овозможува поголема флексибилност во подобрувањето на здравјето.

3-2-2 -поголема флексибилност

Пандемијата продолжува да влијае на размислувањето и вредностите на луѓето, но исто така и на очекувањата на вработените. На некој начин, концептот 3-2-2 изгледа пореален бидејќи вработените сакаат поголема флексибилност. Сепак, овој концепт не е значително имплементиран додека четиридневниот концепт веќе го користат некои компании, додека други размислуваат за негово воведување.

Од друга страна, има и такви кои не сакаат да се откажат од типичната структура на работа затоа што веруваат дека тоа би и дало предност на конкуренцијата, ќе ги принуди клиентите да чекаат, ќе го загрози здравјето на работниците и корпоративниот свет каков што го познаваме .

Некои компании откриле дека флексибилната работа од дома е катастрофална  за нив. Пример за ова е Yahoo, кој во 2013 година ги принуди вработените да се вратат во традиционалната структура. Постојат и критичари на четиридневниот концепт кои тврдат дека вработените можат да ги пренесат своите навики на „губење време“ на работата во новиот концепт што би бил „награда за неефикасност“. Критичарите велат дека ако вработените можат да завршат петдневна работа за четири дена, тие едноставно не даваат се од себе на работа.

Дури и оние кои се залагаат за концептот 3-2-2 и четиридневната работна недела признаваат дека овие системи имаат недостатоци.

За да се избегне тоа, потребно е канцелариите да имаат вистински луѓе од вистинските тимови, додека другите се дома, а менаџерите треба да направат распоред за никој да не биде изоставен.

Унилевер планира да го продолжи својот експеримент, кој ќе го задржи само ако даде видливи резултати. Според планот, експериментот ќе трае до декември оваа година.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.