Книга со собрани дела на Џим Морисон, фронтмен на групата „Дорс“ и еден од најпознатите рок-поети, ќе биде објавена на 8 јуни, објави американскиот издавач „Харпер Колинс“. Таму ќе биде неговата поезија, дневници, транскрипти и текстови кои ги пишуваше за бендот.

Пред својата смрт во јули 1971 година, Џим Морисон рачно напишал список наречен „План за книга“, во кој скицирал збирка песни, стихови за песни и други дела. Сега, 50 години по последниот албум на „Дорс“ и смртта на Морисон, таа идеја се реализира преку нешто што звучи како најисцрпната колекција на неговите дела досега.

Собраните дела на Џим Морисон: Поезија, дневници, транскрипти и стихови, кои „тежат“ околу 600 страници, со предговор на неговиот пријател Том Робинс и поговор на сестрата на Морисон, Ана, може да биде еден вид неговото наследство.

Книгата вклучува претходно објавени стихови на Морисон, како и збирки „Дивина“ и „Американска ноќ“, но околу половина од изданијата се претходно необјавени ракописи, вклучувајќи ги и стиховите за неснимени песни, извадоци од 28 неодамна откриени тетратки, вклучувајќи ги и неговите белешки за судењето во Мајами, како и текстови за кои се верува дека се неговите последни записи, а биле напишани во Париз непосредно пред неговата смрт.

Сега, според издавачот, се „препечатени за да можат да се читаат“.

Меѓу кориците е и потсетување на филмот „Автостопер“, во кој тој глумеше залутан убиец, чии делови беа снимени како експерименталниот филм „HWY“.

Книгата е илустрирана со околу 160 фотографии и цртежи, а е придружена со аудио издание со снимка од последното читање на поезијата на Морисон, направено во студио во Лос Анџелес на неговиот роденден на 27 декември 1970 година.

Кога го напушти бендот во 1971 година, Џим Морисон кажа дека сака да оди во Париз и да се посвети на пишување поезија. Потоа почина под не многу јасни околности и беше погребан на гробиштата во Пер Лашез.

Неговоиот гроб е еден од најпосетуваните вечни почитувалиште во светот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.