„Nestle“ во фабриката во Сурчин прочистува 65.000 литри вода дневно и ја прави безбедна за употреба. „Nestle“ има најсовремена станица за пречистување на отпадните води во Србија. Таа е всушност најголема локална инвестиција на компанијата, од 1,2 милиони евра.

 

„Nestle“ во фабриката во Сурчин прочистува 65.000 литри вода дневно

Бунарот со пумпна станица има капацитет за шест литри во секунда и сепаратор кој ги одделува маслото и маснотиите од дождовницата. За него се вложени 120.000 евра, како дел од инфраструктурата на фабриката Нестле за прочистување и заштеда на вода.

Од „Нестле“ велат дека во процесот на работа применуваат строги правила за зачувување, прочистување и заштеда на вода. Во 2020 година биле прочистени 24.000 кубни метри вода.

Компанијата се грижи целата вода што се враќа во водотеците да биде целосно чиста и да не претставува опасност за околината.

„Нула отпад до депонија“

Генералниот директор на „Нестле“ во Србија, Марјана Давидовиќ, истакна дека одговорното однесување на компанијата кон општеството и животната средина е апсолутен приоритет. И тоа според него особено е изразено во време на криза, а најдобрата мотивација е довербата на потрошувачите.

„ Нестле успеа да направи значителни заштеди и дополнително да ја спаси животната средина“ вели дирекотрката на фабриката во Сурчин, Тања Жигиќ. Според неа тоа е резултат на модернизација на производствениот процес и инвестирање во фабриката.  Меѓу другото и со намалување на димензиите на материјалот за пакување. Така сега, годишно трошат 50 тони помалку од тој материјал. На тој начин и штетните емисии на јаглерод диоксид се намалени за за 56 тони.

Дирекорката додава дека нивната фабрика е прва во Србија што ја постигнала целта „Нула отпад до депонија“. Тоа во најмала рака значи дека ниту грам отпад од фабриката не завршува на депонии. Отпадот се рециклира или се користи за други цели.  Ова е дел од глобалната стратегија на компанијата, чија цел е сите 400 фабрики во светот да бидат означени како Zero Waste to Landfill.

„Нестле“ во Србија соработува со повеќе од 10 постројки за рециклирање, а глобална стратегија е до 2025 година 100% од амбалажата што се користи во производството да може да се рециклира.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.