Овој понеделник (25-ти јануари), по 67-ми пат ќе биде доделена НИН-овата награда за Роман на годината во Србија. Награда која се смета за престиж, а на добитникот му носи репутација која не е за потценување.

И годинава, неколку дена пред доделувањето, жирито го соопшти списокот од седум финалисти – најтесната конкуренција. Претходно беше соопштено дека за наградата конкурираат 212 романи, па по првичниот пресек останаа 38, па 17, и сега седум:

Владан Матијевиќ – „Слобода говора“
Дарко Цвијетиќ – „Што на поду спаваш“
Светислав Басара – „Контраендорфин“
Енес Халиловиќ – „Људи без гробова“
Саво Стијеповиќ – „Прекрасне рушевине“
Бојан Савиќ Остојиќ – „Ништа није ничије“
Огњен Спахиќ – „Под оба Сунца“

Жирито за НИН-овата награда е во состав: Марија Ненезиќ, Иван Миленковиќ, Бранко Кукиќ, Марјан Чакаревиќ и Теофил Панчиќ (претседател).

Заради актуелнава пандемија, годинава ќе изостане свеченото доделување и фанфари, а церемонијата на доделување ќе биде преку Zoom апликација.

И годинава, како и секоја година, впрочем, НИН-овата награда ја следат полемики, кои главно се сосема легитимен начин за негодување.

Минатата година, на пример, на жирито му се замеруваше дека поддржува една групација на писатели, и на тој начин имплицира кому треба да му се додели наградата. Оттаму, годинашново учество на Басара во најтесната конкуренција, само ги подгрева таквите тврдења. Имено, велат, кај што е Басара, тука секогаш е и притисокот дека тој треба да се фаворизира. Затоа некои писатели, уште на стартот, ја бојкотираат оваа награда.

Овој пат на душа на жирито му се става и учеството на Огњен Спахиќ, со романот „Под оба Сунца“ во конкуренцијата. Еден од условите е романите да бидат пишувани на српски јазик, додека Спахиќ, кој е роден во Подгорица, каде и што живее, уште од порано изјавил дека пишува на црногорски јазик.

– „Моите ставови за ова отсекогаш беа повеќе од јасни – вели Спахиќ, и додава: Значи, јас пишувам и зборувам на црногорски јазик. Ако некој препознава хрватски, српски или босански во него – убавината е во окото на оној што гледа. Немам намера, а уште помалку потреба, да убедувам некого во она што го видел со свои очи. Се разбираме, дефинитивно. ‘Дапаче’? Или ‘дабоме’? Ѓаволот ќе знае. Од друга страна, ако објавите книга во Србија како црногорски писател кој својот јазик го нарекува црногорски, според силата на законот, вашиот јазик ќе биде каталогизиран како српски, што повторно, формално ве воведува меѓу потенцијалните кандидати за НИН-овата награда. Ерго, црногорската придавка беше исфрлена од номенклатурата на библиотеката. Требаше ли, заради тоа, издавачот да го повлече романот од печатница?“ – се прашува Спахиќ.

Црногорскиот писател смета дека неговото вбројување во најтесната конкуренција за ова престижно признание е доказ дека нештата се менуваат, дека тоа е добар гест за добредојде, но и дека секогаш и секаде ја има аутсајдерска позиција.

Романот на Спахиќ се појави во декември, истовремено во три изданија: во Црна Гора, Хрватска и Србија. Запрашан да му го опише на некој што не го прочитал досега, тој вели: „Тешко е да се опишат зборовите со зборови. Скоро невозможно“.

Пред прогласувањето на НИН-овата награда се потсетуваме на некои од најинтригантните детали, кои одат во прилог и на оние кои сакаат да ја претстават наградата како мит, и на тие кои сметаат дека беспотребно се крева прашина, бидејќи: „Кучињата си лаат, караванот си врви“…

НИН-овата награда за роман на годината е без сомнение најзначајното литературно признание во Србија. Да не беше така, вревата немаше да се зголемува (скоро) секоја година, па, кога ќе се објави списокот на романи и автори кои се натпреваруваат за наградата, таа се интензивира со секој следен круг, кулминира на денот на објавувањето на лауреатот, а потоа не стивнува со месеци.

Во исто време, се шират разни шпекулации дека одлуките на жирито се под влијание на пара-литературни појави. Во минатото, партијата и разни централни и градски комитети се спомнуваа во задкулисјето, проследено со литературни кланови, притисок на издавачите, идеолошки рамки и наводни лични пријателства и други врски на членовите на жирито со лауреатите.

На членовите на жирито никогаш не им беше лесно. Одлуките ретко беа едногласни. Се случуваше дел од жирито да се огради од одлуката за лауреатот, а двапати лауреатите и да ги вратат наградите.

НИН-овата награда за роман на годината беше доделена за прв пат во 1954 година, а Иво Андриќ не ја доби. „Проклета авлија“ на идниот нобеловец, денес класика, тогаш беше повлечена од конкуренцијата затоа што – не се вклопуваше во опсегот, и се сметаше за новела, а не за роман.

Наводно, позицијата на Борислав Михајловиќ Михиз била клучна (иако тој во критичкиот осврт во НИН го нарече „краток роман“ и „капитално дело“. Добрица Ќосиќ, тогаш ја доби првата, од своите две НИН-ови награди.

Но, само две години подоцна, се случи најголемата интрига во историјата на НИН-овата, обвиткана во добар дел и превез на мистерија.

Познавачите на настаните околу изборите за романот во 1977 година сметаат дека апокрифната верзија што од тогаш се прераскажува во книжевната јавност не е без основа. Според таа верзија, во мртва ноќ, некој од жирито го известил Скендер Куленовиќ дека е добитник на наградата Нина за „Понорница“, згора на тоа, да се подготви, „облече бела кошула“ и да го чека фотографот, но три часа подоцна неговиот телефон повторно заgвони и беше објавен нему сепак не му е лауреат. Куленовиќ почина истиот ден од срцев удар.

Сепак, во 1977 година се случи најголемата интрига во историјата на НИН-овата награда, што е обвиткано во добар дел и превез на мистерија.

Познавачите на настаните околу Изборот за роман на годината за 1977 година сметаат дека приказната која се прераскажува во книжевната јавност не е без основ.

Според една верзија, во длабоко во ноќта на 25-ти јануари 1978 година, некој од жирито го известил Скендер Куленовиќ дека е добитник на наградата за романот „Понорница“, и да се подготви, да „облече бела кошула“ и да го чека фотографот. Но, три часа подоцна неговиот телефон повторно заѕвони и му беше кажано дека, сепак, не е лауреат. Куленовиќ почина истиот ден од срцев удар!

Данило Киш е писател кој ја врати НИН-овата награда.

Киш ја доби наградата за романот „Пешчаник“, но по збирката раскази „Гробница за Бориса Давидовича“ врз него започна медиумска хајка.

Дел од книжевната јавност се обидуваше да докаже дека „Гробиница“ е плагијат, а во текстовите тие алудираа на фактот дека плагијаторот може да биде и негов претходен труд. За сето тоа пишуваше и тогашниот НИН. Киш во 1978 година ја врати НИН-овата награда, практично без образложение. Наводите за плагијат се покажаа како неосновани.

Едиција Off НИН

Вакви примери на скандали околу НИН-овата награда може да се редат до утре. Паралелно со нив, одеа и предлози да се направи издание на „Off НИН“, каде 10 критичари избраа 10 романи што требаше да бидат наградени, но не беа.

Изборот ги вклучува „Проклета авлија“ на Андриќ, „Сеобе“ (втора книга), на Милош Црњански, „Ден шести“ на Растко Петровиќ, „Пролетта на Иван Галеб“ на Десничанин, „Кад су цветале тикве“ на Драгослав Михаиловиќ, потоа „Доротеј“ од Добрило Ненадиќ, „Судбине“ од Мирослав Поповиќ, „Певач“ од Бошко Петровиќ и „Фама о бициклистима“ од Светислав Басара.

– Едноставно се покажа дека некои големи книги не ја добија НИН-овата награда. И, кога ќе ги ставите тие 10 книги покрај 10-те наградувани, ќе видите дека тие, всушност, се комплементарни. Овие 10 книги се целосно и подеднакво, а на крајот на краишта и академски, потврдени како повеќе од релевантни дела. Од друга страна, имате цела низа победници кои, за жал, никој повеќе не ги памети.

Не се мисли таму само на романите на Оскар Давичо, кои денес се сметаат за идеолошки памфлети на комунистичката партија, туку на некои дела кои навистина останаа во нивното време.

Едноставно, многу книги не ја преживеаја ниту годината во која ја освоија НИН-овата награда.

Најпосле – и која е целта на постоењето на наградата, доколку таа не е контроверзна!?!

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.