Културната манифестација Ноќ на идеите (La Nuit des idees), која се слави во повеќе од 100 земји во светот, ќе се одржи денес и во Македонија.

Ноќта на идеите е меѓународен настан преку Интернет што се одржува истовремено во 103 земји на пет континенти и се состои од повеќе од 200 интервјуа, разговори и конференции на теми кои го преокупираат денешното општество.

Оваа година, покрај другите, ќе учествуваат германскиот филозоф Хартмут Роза, американската пејачка Пати Смит и режисерот Џим Џармуш.


Годинава манифестацијата се организира веќе шеста година по ред, со помош на Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje, кој е дел од овој глобален светски настан.

Во фокус на изданието во 2021 година ќе биде пандемијата на COVID-19 вирусот. Во време кога санитарната криза нè принудува да го редефинираме нашиот однос кон животната средина и воедно ги доведува во прашање иднината на економијата во идното општество, Ноќта на идеите нè повикува, повеќе од кога било, на колективна размисла за светот по пандемијата на COVID-19.

Повеќе за настанот – ТУКА!

Идеја – пред се!

Еве што е добра идеја за време на пандемија. Бендот „Flaming Lips“ изненади со својот начин на одржување концерт во Оклахома.

Тие организираа два настапи, каде присутните и музичарите го следеа концертот од ‘меури’ за да спречат потенцијално ширење на Ковид-19.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.