Нови перспективи за женско претприемништво, е мотото под кое  Националната платформа за женско претприемништво ве поканува на Првиот годишен Самит за женско претприемништво 2021, што ќе се одржи денес и утре во Скопје. Самитот е организиран од Здружение на бизнис жени, како носител на Проектот, во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија,  Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување- МИР. Проектот е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми.

На Самитот за прв пат ќе бидат доделени и награди за најуспешни жени претприемачки, кои ги доделува Министерството за економија како институционален покровител на настанот.

Исто така Националната платформа ќе додели и две награди за најуспешна млада лидерка и најуспешна граѓанска организација-добри практики.

Во рамки на  Самитот ќе бидат одржани три панел дискусии со меѓународно учество на кои еминентни имиња од сферата за женското претприемништво ќе  дискутира на актуелни теми. Ќе бидат организирани Б2Б средби за жените претприемачи како и работилници на теми за финансиските можности на жените во бизнис светот.

Нови перспективи за женско претприемништво

На денешното отворање на Самитот ќе се обратат: вицепремиерот Фатмир Битиќи, потоа  Џулиан Васало, заменик шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, министерот за економија, Крешник Бектеши, Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска и Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.