Еден од најубавите моменти за секој издавач е кога авторот ќе му достави нов ракопис. А уште поубав момент е кога тој автор е добитник на сите книжевни награди, преведуван на многу јазици, обожаван од илјадници читатели. Нов ракопис од Венко Андоновски е сè што можеме да посакаме и како издавачи, но пред сè, како читатели – стои во фејсбук-статусот на Издавачкиот центар ТРИ, со кој тие ја најавуваат соработката со писателот Венко Андоновски.

Додека нетрпението ни шепоти во мислите и додека сме во исчекување за новите светови на Андоновски, да се потсетиме на веќе познатите. Тие ве очекуваат во ТРИ – порачаа од ТРИ.

Иако се уште не се открива насловот и темата на новиот ракопис на Андоновски, како и времето на објавување на делото, информацијата, несомнено, ги радува неговите бројни читатели и почитувачи на неговото извонредно дело.

Под закрилата на овој издавачки центар читателите можат да ги најдат култните дела на Венко Андоновски – Вештица, Папокот на светот, Припитомување на кучката, Ќерката на математичарот, Достоевски и Мекдоналдс, Најчитаните и најнечитаните колумни, како и Азбука, книга за најмладите.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.