ОКТА, со осетен пад на продажбата и на побарувачката. Иако, снабдувањето со нафтените деривати е стабилно, потрошувачката е намалена. Даноците од нафтените деривати се значаен извор на буџетскиот прилив, но од почетокот на здравствената криза (КОВИД 19) тие се намалени. И продажбата и побарувачката за дериватите е намалена за околу 20 проценти, вели д-р Ристо Јаневски, Директор за стратешко планирање и развој во ОКТА АД – Скопје,  „Хеленик петролеум групација“.

ОКТА, со осетен пад на продажбата и на побарувачката

  • Дали со омекнување на превентивните здравствени мерки се очекува поголема побарувачка на дериватите, односно покачување на цените?

На Меѓународната берза на деривати отсекогаш било тешко да се разбере и секогаш биле непредвидливи основните законитости. Вените на суровата нафта не зависат само од понудата и побарувачката, туку и од политичката ситуација во светот, од ралични политички случувања. Големите економски сили, како што е здружението на производителите на нафта ОПЕК, со нивните мерки можат да влијаат на промената на  цените. Особено САД со евентуалното пуштање во оптек на нивните државни нафтени резерви. Секако и кризава со вирусот многу влијае на тоа. Можни се одредени падови на цените, како што беше минатата година, кога во првите месеци на здравствената криза, кога се направи целосно затворање (lock down), нагло падна побарувачката, а со тоа и цените. Подоцна почнаа да се опоравуваат и повторно да се искачуваат до некој оптимум.

Во моментов, цената е околу 60-62 долари за барел, но многу е тешко да се предвиди како ќе се движи во иднина. Секако, сите овие фактори се однесуваат на цената и на нашиот домашен пазар. Бидејќи тоа се берзански цени и ќе имаат влијание на цените што ги формира Рагулаторната комисија за енергетика. Затоа што и таа ги користи овие цени од светските публикации и врз база на тие цени ги формира цените што важат за двонеделен или еднонеделн рок на  домашниот пазар.

  • Колкава е сигурноста на снабдувањето со деривати во Македонија?

– Што се однесува до ОКТА, можам да кажам дека имаме осетен пад на продажбата, односно побарувачката. Во 2020 продажбата е намлена за 20-25  отсто за сите деривати, а на дизелот, како еден од најзначајните деривати, падот изнесува околу 20 проценти. Мислам дека сличен пад имаат и другите субјекти што се занимаваат со овој бизнис. Но, минатата година се направи еден систем меѓу нас и нашата мајка-компанија, „Хеленик Перолеум“ и другите компании што купуваат и од Грција и од Бугарија и од секаде, кој овозможува сигурност  на снабдувањето на пазарот. Според тоа, досега не сме имале некои прекини кои можат да предизвикаат проблем во снабдувањето со нафтени деривати.

  • Каква е организација на работата во ОКТА за време на ковид-кризата?

– Веднаш се организиравме во согласност со нашата мајка-фирма „Хленик Петролеум“, воспоставивме заштитни мерки за персоналот. Значи првин луѓето ги заштитивме. Потоа формиравме тимови кои ќе работат на смени, прва и втора, обезбедивме тие тимови да не се мешаат. Понатаму, имаме обезбедено резервни тимови во случај да имаме заразени. Се следи    здравјето на сите вработени. Секој влез во ОКТА на одреден период се проверува со брзи тестови кај нас или со ПЦР тестови во медицински установи со кои имаме склучено договори. Можам да кажам дека во однос на заштитата на персоналот, пред се, а и на оние трети компании што соработуваат со нас, ги применуваме истите мерки и за нив. Мислам дека успешно се справивме и уште се справуваме.

 

  • Дали има отпуштања односно рестрикции на работните места?

Не. Кај нас нема ниеден отпуштен. Сите луѓе се ангажирани на свој начин. Како што реков, направивме некои модификации на смените и немавме никакви пробеми со луѓето, ниту со платите, односно нема намалување. Работиме како да сме во нормални услови.

Бране Стефановски

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.