Органската фарма во Чуруг, Војводина – една од најголемите во Европа. Електраната на биомаса  „Глобал сид“ беше изградена пред повеќе од една деценија во близина на Нови Сад. Денес е една од најголемите органски фарми во Европа,каде електричната енергија се добива од ѓубриво. Фармата е чиста како аптека, а ферментираното ѓубриво мириса на профит.

Органската фарма во Чуруг, Војводина – една од најголемите во Европа

Оваа фарма  е едно од решенијата за предизвиците на зелената и кружната економија на српските земјоделци. Био-фабриката на фармата со 2 200 говеда преработува ѓубриво и биомаса во електрична енергија и топлина. А, органско ѓубриво им овозможува да сертифицираат 1.700 хектари органско обработливо земјиште. „Глобал семе“ бележи и значајни резултати во органското производство, со просечен принос на пченица до шест тони по хектар и сончоглед до три тони по хектар. Тие обезбедуваат органски житни култури кои се користат во единствената фабрика за добиточна биохрана во регионот.

Преработка на органски непластичен отпад

„Сега сме вклучени во преработка на органски непластичен отпад како последна алка каде што се третира и уништува отпадот. Секоја година, над 7.000 тони органски непластичен отпад завршуваат во нашата фабрика и се користи за производство на електрична енергија и ѓубрива “, објаснува техничкиот директор Јовица Косановиќ.

Кравите се слободни,  и воглавно сами се телат. Годишно се доставуваат 6.000.000 литри органско млеко. Телињата се на прво место. Нив ги дои робот за напојување, а како десерт добиваат телешки мусли.

“Секое теле има огрлица со ризомер. За време на хранењето, тој робот дава одредена количина млеко на дневна основа”, посочува управителот на фармата Александар Војкиќ.

Министерството за земјоделство субвенционира употреба на обновливи извори на енергија во  афграрот преку национални и ИПАРД мерки.

„Во зависност од секторот во кој се конкурира – без разлика дали станува збор за овошје, зеленчук, месо или млеко – морам да кажам дека млечниот сектор може да оствари ИПАРД стимулации и до два милиони евра“, образложуват од Министерството  за земјоделство.

Фармата е чиста како аптека, а ферментираното ѓубриво мириса на профит.

Експерименталното производство на пилешко во согласност со Правилникот за благосостојба на животните им овозможи продажба за претходно познат купувач, по двојно поскапа цена.

Чуруг докажува дека земјоделството во иднина не е само фабрика за здрава храна, туку и енергија со значителен едукативен и туристички потенцијал.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.