Пад од 45,52 отсто на мартовскиот берзански промет. Односно, Македоснка берза оствари вкупен приход во износ од 757.514.703 денари, што претставува намалување во однос на претходниот месец од 45,52 проценти. За разлика од март во февруари бил остварен промет од 1.390.563.281 со 170,48 отсто раст на месечна онова. Ова е едена од клучните поенти акцентирани во билтенот за март на Македонска берза,  според кој е нотиран и пад на капитализацијата за 0,44 отсто и пад на реализираните трансакции за 42, 19 намесечно ниво.

Пад од 45,52 отсто на мартовскиот берзански промет

Според берзанските показатели преполовен е мартовскиот прометот во класичното тргување. Имено во март во класичното тргување е остварен промет од  424.295.968 денари, што претставува пад од 57,76 отсто во однос на февруари кога изнесувало 1.004.456.344 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 321.690.974 денари и обврзници во  вредност од 102.604.994 денари

Блок трансакциите за март изнесувале 333.218.735 денари и се намалени за 13,70 отсто во однос на февруари.

Минатиот месец на пазарот се реализирани 1.466  трансакции, што претставува намалување за 42,19 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.536.

Најтргувани акции

Aкциите на Комерцијална банка се најтргувани во однос на остварениот промет на официјалниот пазар во март годинава. Тие се на прво место со промет од 130.208.028 денари или 2.110.554 евра.  Следствено на тоа тие имаат и најголем удел од 40,98 отсто во вкупниот промет.

Потоа следат акциите на Алкалоид Скопје  со промет од 891.903 евра што претставува 17,32  процентен удел во вкупниот промет.Нивниот ромет е остварен со продажба на 3890 акции преку 236 трансакции.

На трето место според остварен промет од 863.482 евра преку 144 трансакции е „Макпетрол“ Скопје. Тој учествува со 16, 77 отсто во вкупниот берзански промет.

Акциите на другите седум најтргувани акции  учествуваат во вкупниот промет на берзата од  пет отсто  НЛБ Банка до 0,89  Стопанска банка  Скопје.

Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е „Макстил“ АД Скопје со 65.572 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 62,40 денари.

„Интерпромет“ Тетово со најголем раст

Според билтенот на Македонска берза најголем пораст, од 200 отсто имаат акциите на „Интерпромет“ Тетово. Тие во февруари се тргувале по просечна цена од 1 500 денари, а во изминатиот месец по просечна цена од 4 500 денари.

Во петорката на најтгувани акции на второ место се најдоа акциите на Скопски Пазар Скопје со раст од 26,60 проценти. Односно од 5.000 денари во февруари на 6 330 денари по акција  во март.

Зад нив е акцијата на  Фустеларко Борец Битола со раст од 25 отсто. Ист процент на раст забележала и акцијата на Лотарија на Македонија Скопје. И последна во топ акции со најглем пораст е акцијата на Либерти Скопје со раст од 13,64 отсто.

Во петте аккции со најголем пад во март на чело е акцијата на „Гранит“ Скопје со пад од  18,99 проценти. Односно цената по акција од 1.300 денари во февруари е намалена на 1.053 денари во март.

Потоа следат, Хотели Метропол Охрид со пад од 16,67 отсто, па Стопанска Банка Скопје со пад од 14,59 пороценти. Меѓу овие пет се и акциите на Стопанска Банка Битола со пад од 13,44 отсто и акцијата на „Бетон“Скопје со пад од 9,98 проценти на месечно ниво.

МБИ-10

На крајот на март вредноста на берзанскиот индекс изнесува 4.845,05 поени. Индксот на месечна основа бележи пад од 3,23 проценти. Меѓутоа во однос на 30.12 2020 година е зголемен за 2,98 отсто. Инаку, максимално достигната вредност од 5.008,06 поени, индексот бележи на 2. март. Додека минимална вредност од 4.834,77 поени забележал на 30. март.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.