Payoneer го избира Mastercard како дигитално решение за МСП. Дигиталната картичка Payoneer Mastercard го олеснува начинот на кој малите и средни претпријатија  вложуваат во раст на бизнисот. А истата воедно  носи вредност на дигиталните пазари и платформи.

Payoneer го избира Mastercard како дигитално решение за МСП

Payoneer Inc.- глобалната платформа за плаќање и поддршка на трговија што помага да растат милиони дигитални фирми ширум светот, склучи партнерство со Mastercard.

Првиот резултат на оваа соработка е картичката Payoneer Mastercard. Таа е специјално прилагодена за мали и средни бизниси (МСП), интернет трговци и фриленсери од целиот свет. Инаку, Payoneer и Mastercard тесно ќе соработуваат за подобро да ги задоволат потребите на Б2Б пазарот.

Взаемни придобивки

Партнерството дојде непосредно откако Payoneer објави дека станува јавно акционерско друштво преку трансакција со компанија за преземање специјална намена. Со тоа вредноста на Payoneer достигна околу 3,3 милијарди долари. Mastercard ќе му овозможи на Payoneer пристап до нови иновативни производи со цел подобро задоволување на потребите на клиентот. Додека Mastercard ќе го искористи глобалното присуство на Payoneer во B2B сегментот. Исто така ќе добие пристап до екосистемот на  оваа компанија, која брои над пет милиони фирми.

Благодарение на картичката за дигитална набавка Payoneer Mastercard, компаниите што примаат уплата преку Payoneer ќе ги имаат следниве поволности:

  • непосреден пристап до средства кои сега можат да ги вложат во својот раст преку дигитални платформи за рекламирање како што се Facebook и Google,
  • купување од каде било во светот каде што се користи Mastercard и можност за поврзување на картичката со мобилни паричници,
  • пристап до повеќе картички, што го олеснува управувањето со трошоците за компаниите на платформите, онлајн продавниците и линиите на производи,
  • пристап до виртуелни картички. Тие ќе им овозможат на малите и средни претпријатија да изберат како да плаќаат и како да добиваат уплати. Затоа што побарувачката за дигитални плаќања продолжува да расте.

Побрзи, поедноставни и побезбедни дигитални плаќања

„Ова партнерство со Мастеркард е голем чекор со кој нашите клиенти добиваат  уште еден едноставен начин да пристапат на пазарот и трговијата со Б2Б“, вели Чарлс Розенблат, стратешки директор на „Payoneer“.

„Со воведувањето на картичката за дигитален шопинг Payoneer Mastercard, нашите клиенти низ целиот свет можат да плаќаат онлајн рекламирање и други дигитални услуги и да имаат уште еден начин на плаќање кон добавувачите. Ние сме исклучително задоволни што станавме партнер на Mastercard бидејќи ја прошируваме нашата глобална понуда, нудејќи им на малите и средни претпријатија најдобро можно решение на пазарите“.

„ Фокусирани сме на овозможување побрзи, поедноставни и побезбедни дигитални плаќања како одговор на зголемените потреби на компаниите и клиентите“, изјави Шери Хамонд, извршен потпретседател на дигитални партнерства на „Мастеркард“.

„Се радуваме на тесната соработка со Payoneer во клучниот сегмент на МСП преку комбинација на неговото значително присуство и јачината на мрежата на Mastercard.

Корисниците кои веќе имаат Payoneer картички и понатаму ќе имаат непречен пристап до нивните постојни картички. Дигиталните картички за купување ќе бидат генерално достапни во втората половина на 2021 година.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.