Под закрилата на мала издавачка куќа – „Књижевна Општина Вршац“ (КОВ), штотуку излезе нова книга на веројатно најзначајниот музички новинар и рок критичар на овие простори. Долгогодишен уредник на многу значајни музички адреси. Писател и рокенролер – Петар Пеца Поповиќ.

Новата книга на Пеца носи наслов „Траги во бескрајот“, и претставува „Лична антологија на заминатите“.

Всушност, станува збор за 50 приказни за починати музичари, кои, во нивна чест ги напиша Пеца Поповиќ.

Човекот кој со својот ангажман придонесе регионалната музичка сцена да ги добие најблескавите моменти, човекот кој го осмисли нашиот Вудсток – Хајдучка чесма, кој беше заслужен за многу рокенрол кариери на овие простори, освен многубројните текстови во весници, напиша и неколку книги – „Пролет во Топчидер“, „Бити рокенрол“ и „Рокописи“.

Поповиќ е и главен лик во музичкиот документарец „Заробљено време“, кој беше прикажуван и во Скопје.

Да се ​​биде рокохоличар, како Поповиќ, значи да се гледа светот со широко отворени очи, трајно зачуден, а да не зборуваме за маѓепсано момче кое одбива да порасне затоа што не сака никогаш да се разбуди од волшебниот сон. Во тој неразбуден сон, тој се чувствува себеси до последен дамар, со целото свое битие, со страста што ги прелева сите разумни граници. Ако нечие име може да биде синоним за поопшта, за многу, егзистенцијално важна, формативна појава, како што е случај со писателот на овие редови, тогаш е, кога станува збор за локалниот рокенрол, тоа името на Петар Пеца Поповиќ. Еве и книгата „Траги во бескрајот“, која го потврдува ова… – стои во најавата за изданието кое веќе предизвикува голем интерес во регионалната јавност.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.