Пекабеско АД  со добивка од 107,6 милиони денари минатата година. Позитивните  финансиски резултати се искажани во неревидираниот Биланс на успех и се пониски за 2,9 проценти во споредба со претходната година. Главна причина за тоа е намалената продажба од  извоз и продажби на домашен пазар во каналот ХОРЕКА. Ова се акцентите во образложението за остварени консолидирани резултати што компанијата го достави до Македонска берза.

Пекабеско АД  со добивка од 107,6 милиони денари

И приходите и расходите, намалени

Остварените консолидирани вкупни приходи од работењето во 2020 година изнесуваат 4.638 милиони денари. Споредено со 2019 година бележат намалување од 8,1 процент. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,4 проценти, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги. Тие во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 8,4 отсто.

Приходите од извоз изнесуваат 592 милиони денари. И тие во однос на остварените во 2019 се намалени за 9,7 проценти.

Остварените консолидирани вкупни расходи во минатата година изнесуваат 4.523 милиони денари. Споредени со расходите во 2019 година бележат намалување од 8,4 отсто.

Ланските инвестиции- рекорд во последните осум години

Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во 2020 година изнесуваат рекордни 160,5 милиони денари што е рекорд во последните осум години.

Вредно е да се истакне дека покрај континуираното вложување во производствена опрема и транспортни средства за првпат е активирана и нова линија за гас. Имено во претставништвото во Србија, Пекабеско ад вложи во опремување на нов магацин за складирање на сувомесни производи. Потоа, набави и едно транспортно и едно патничко возило.

Консолидираната вработеност на крај на 2020 е заокружена на 460 вработени. Односно бројот на вработени лица е намален за 20 во однос на 2019 година.

Промени кај кредитните обврки

Долгорочната консолидирана задолженост на компанијата на крајот на  минатата година изнесува 368 милиони денари. Таа во споредба со состојбата од минатата година бележи намалување од 6,5 проценти.

Краткорочната консолидирана задолженост на крајот на 2020 година изнесува 136,5 милиони денари. И за разлика од состојбата од претходната година кога изнесувале 866 илјади денари бележи зголемување.

План и очекување за нареден период

Испoлнувањето на финанскиот план за 2020 е извршен со 84 отсто во делот на приходите од продажба и 79 отсто во делот на добивката.

За наредниот период очекувањата за остварување на приходите од продажбите и добивката ќе се движат  во зависност од здравствена ситуација кај нас и регионите во кои извезуваме. Компанијата е целосно подготвена веднаш да ги зголеми продажбите во случај на завршување на пандемијата.

 Општествено одговорна компанија

Пекабеско лани за здравствените работници донираше 42.800 парчиња трослојни заштитни маски и 5.000 заштитни мантили. Донацијата беше во висина од 1.180.000 денари .

Од почетокот на ковидкризата, Пекабеско во неколку наврати донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства. А, исто така ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје преку донација на производи.

На почетокот на коронакризата, Пекабеско изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година, а презема и низа на други мерки со цел дополнителен конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.