„Пекабеско“ го исполни планот за добивка со 79 отсто. Додека Финанскиот план за 2020 во делот на приходите од продажба е исполнет со 84 отсто.  „Пекабеско“ АД во 2020 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 107,5 милиони денари. Истиот е понизок за 2,4 проценти во споредба со претходната година. Главна причина  за тоа е намалената продажба од извоз. Главно поврзано со пандемијата од Ковид 19, објави компанијата во образложението доставено до Македонска берза.

Намалување и на приходите и на расходите

„Пекабеско“ го исполни планот за добивка со 79 отсто

Остварените вкупни приходи од работењето во 2020 година изнесуваат 4.638 милиони денари. Овие  приходи во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 8,1 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,4 отсто, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги. Но и тие во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 8,4 отсто

Приходите од извоз изнесуваат 592 милиони денари и во споредба со 2019 се намалени за 9,7 отсто.

Остварените вкупни расходи во 2020 година достигнаа 4.523 милиони денари. Тие во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 8,4 отсто.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година изнесуваат рекордни 159 милиони денари во последните осум години. Вредно е да се истакне дека покрај континуираното вложување во производствена опрема и транспортни средства за првпат е активирана и нова линија за гас.

Долгорочната задолженост на 31.12.2020 година изнесува 368 милиони денари. Таа во споредба со состојбата од минатата година бележи намалување од 6,5 отсто. Краткорочната задолженост на крајот на 2020 година изнесува 136,5 милиони денари. И е значително намалена  во однос на  состојбата од 2019 година кога изнесувале 886 илјади денари.

Во Пекабеско АД на крај на 2020 бројот на вработени изнесува 453 и е помал во однос на 2019 за 19 вработени

План и очекување за нареден период

Финанскиот план за 2020 е исполнет со 84 отсто во делот на приходите од продажба и 79 отсто во делот на добивката. За наредниот период очекувањата за остварување на приходите од продажбите и добивката ќе зависат од моменталната здравствена ситуација кај нас и регионите во кои извезуваме. Компанијата е целосно подготвена веднаш да ги зголеми продажбите во случај на завршување на пандемијата

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.