Пелетите се исплатлив топлински енергенс, што се поагресивно наоѓа примена во затоплување на домовите. Едни од најдобрите пелети на македонскиот пазар се пелетитие на „Еколајф“ (EkoLife). Тие нудат сертифицирани квалитетни пелети.

Пелетите се исплатлив топлински енергенс

Се повеќе пелети во домовите

Пелетите се исплатлив топлински енергенс. Се повеќе семејства го менуваат начинот на затоплување на домот. Старите печки и грејните тела на струја ги менуваат со печки на пелети. Прашање е како да се одбере печка и пелети, зашто на пазарот постои голема и разновидна понуда.

Многумина стручњаци појавата на пандемиите ја толкуваат со климатските промени кои на планетава и донесоа големи катастрофи, поплави, цунами, суши итн. Најголемиот проблем е намалувањето на плодното земјиште, односно намалувањето на производство на храна, зголемувањето на пустинските површини и подигањето на нивото на морето поради топењето на мразот на Севернииот пол, покачувањето на тмепратурата на целата планета. Земјата одамна врие во „стаклениот ѕвонец“, па императивот „да се преживее“ налага да се бара излез.

Светот и науката одамна бараат начин како да се намалат стакленичките гасови. Како да се намали загадувањето на воздухот со ангажирање на сите загадувачи: автомобилската индустрија, воопшо сите гранки на индустријата и сите што испуштаат гасови со јаглероден диоксид, семејствата што се греат на  енергенси од фосилни остатоци, односно од необновливи енергетски извори – нафтата и јагленот.

Науката утврди дека светот може да ја користи „биомасата“ („отпадот“ од сите видови растенија: дрвна маса, трева итн) на која досега не и обрнуваше внимание и ја фрлаше како отпад. Во поразвиените змеји, се разбира кај што има повеќе пари, се повеќе се инвестира во нови начини на искорустување на обновливите извори, како што се сонцето ветерот и водата.

Што се пелети?

Во овој текст ќе се задржиме на пелетитие. Тоа е едно од новите решенијата за загревање на домовите. Многумина се уште не веруваат дека со така „лесен“ огревен материјал може да се постигне висока температура во домот во зимски услови и да се почувствува комоцијата на добро загреаниот дом. Но, во тоа се уверуваат се поголем број граѓани што се преориентираа на овој начин на греење. Прво и најважно, греењето на пелети е поевтино. Последниве години цената на вреќа од 15 кг варира од 160 до 200-210 денари. Пелетите не испуштаат такво црнило низ оџаците како печките на дрва или на јаглен, прават многу малку пепел, чистењето на печката е многу поедноставно. За тие што не се сретанле со нив или што не се убедени во можноста за употреба на пелетитие, како гориво, можеме да објасниме:

Пелетите се во вид на мали цилиндри со дијаметар од 6мм, добиени со пресување на дрвна биомаса со висока енергетска вредност. Бидејќи се добиени од дрво, пелетите се обновлив извор на енергија и при нивното согорување не ја загадуваат околината. Моментално се најефтиниот енергенс мерено по добиена енергија/цена на чинење во цела Европа.

Пелетите се добиваат преку технолошки процес во кој, како суровина, се користат дрвен чипс или дрвена пилевина. Чипсот и пилевината се дробат додека не се добие дрвно брашно кое потоа се пресува на висока температура и притисок за да се добие крајниот производ. Во производството не се користат никакви хемикалии или адитиви. Сврзната компонента „лигнинот“ доаѓа од структурата на самото дрво.

Како да се одбере пелетот?

Едни од најдобрите пелети на македонскиот пазар се пелетитие на „Еколајф“ (EkoLife).

Директорот на „Еколајф“, Боби Трајчевски, за Анторис, вели дека при изборот на пелетите треба да се бара гаранција за квалитетот, а тоа е дали пелетот има сертификат. Има пелети на пазарот, домашни и увозни, што не се сертифицирани. Ако одбереме сертифициран пелет, тоа значи дека тој производител има исполнето строги критериуми за производство и тоа, од самата набавка на суровината, до строгото следење на технолошкиот процес при производството. И најбитно е таа контрола да биде постојана и редовна, вели Трајчевски.

Фабриката „Еколајф“ има сопствена лабораторија што го контролира квалитетот три пати во 24 часа. Фабриката работи во три смени. „Еколајф“ ги поседува следниве сертификати за квалитет:

  • Сертификат ISO 9001 : 2015  – Систем за управување со квалитет
  • Сертификат ISO 14001 : 2015  – Систем за управување со животна средина.
  • Сертификат ENplus class A1 – Стандард за премиум квалитет на пелети.  ID-No.: MK 001

Најефтин енергенс мерено по добиена енергија/цена на чинење во цела Европа.

Трајчевски предупредува дека ако купувачите забележат дека овие ознаки ги нема на вреќите во продажба, значи дека станува збор за лажна копија со сомнителен квалитет, односно за фалсификат на производот.

Ако пелетите се со лош квалитет, тоа повлекува други проблеми: лошо согорување, многу пепел, брзо затнување на печките и мала калоричност. Односно мала енергетска издашност на пелетите, бавно загревање на просториите со голема потрошувачка на пелетот.

Фабриката „Еколајф“ подлежи на контрола од „ENplus“ еднаш до два пати годишно и тоа може да биде и ненајавена посета.

Пелетите се подобри од другите енергенси не само поради цената, туку и затоа што:

-Еден тон висококвалитетните пелети заменуваат:

  • 500 литри нафта за домаќинство
  • 4 м3 огревно дрво
  • 4,5 MWh електрична енергија

Со сегашните цени на овие енергенси на пазарот, пелетите се убедливо најефтиното решение за загревање на домот.

(продолжува)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.