Песната „Имав страшен петел“ на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ пред две децении беше преведена и отпеана на норвешки јазик.

Тоа го стори Влада Каниќ, кој сега ја објави на својот YouTube канал.

– Кога неодамна легендарниот кантавтор не напушти и отиде да ги „изорe небесните ниви“, решив да направам видео-клип со овие стихови како почит кон него – рече Каниќ.

Идејата да се „преведе Џоле“ на јазикот на земјата во која живееше 40 години, дојде на барање на пријатели кои го советуваа да ја обедини својата музичка работа. Така е создаден албумот „En passant med aksent“ и песната „Hanesangen“.

– На тоа CD, особено им се допадна песната за „Петелот“, која секогаш ја изведував на бисови на концерти, и беше хит на радиостаниците – се присетува Каниќ.

Лично доби дозвола за објавување на песната од самиот Балашевиќ, со препорака на режисерот Момо Мартиновиќ. Тоа беше вистинска радост за земунскиот боем, но и голем предизвик, бидејќи требаше да се справи со зборовите.

– Бев на маки, барав начин да им објаснам на Норвежаните дека петелот скокаше на гуски и на патки и дека сите тоа се само „нијанси“ – низ смеа вели Каниќ и додава дека избрал слични зборови, доволно интригирачки за да привлече вниманието на слушателите.

Кога неодамна се прошири веста за смртта на Балашевиќ низ целиот свет, песната повторно стана една од најслушаните во Норвешка.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.