Роман на годината 2021 – се стеснува кругот…

Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ следниот понеделник (15 март) на прес-конференцијата во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје (зад кино „Култура“), која ќе започне во 12.30 часот.

До тогаш, можеме само да претпоставуваме…
Кругот се стеснува, а ова се најдобрите пет: „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“)

Ова се романите што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22-ри пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

– Кога ќе се разбудиш со убави вести. ,,Куќа над брановите” во најтесен круг за ,,Роман на годината”, и во добро друштво.
Некако ми е криво што мојот фаворит отпадна, но топло го препорачувам, ,,Ши” на Сашо Кокаланов – напиша на својот фејсбук-профил Билјана С. Црвенковска.

Нејзиниот колега „по перо“ – Петар Андоновски, се потсети на успесите кои ги имал изминативе години…

– ,,Лето во кое те нема” во финале за Роман на годината ( во финале беа и ,,Очи со боја на чевли” и ,,Страв од варвари”, а ,,Телото во кое треба да се живее” ја доби Роман на годината на Утрински весник за 2015).

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.