-Пловна планинска соларна централа – најдобра иновација за 2020. Тоа е прва пловечка соларна централа во светот, лоцирана во средината на швајцарските Алпи.

Пловна планинска соларна централа – најдобра иновација за 2020

Соларата централа на компанијата „Романде Енерџи“ е добитник на престижната швјацарска награда „Watt d’Or“ како најдобра иновација во областа на обновлива енергија за 2020 година.

На 7 јануари 2021 година, Федералната канцеларија за енергија (l’Office fédéral de l’énergie – OFEN) по четиринаесетти пат ја додели престижната швајцарска награда за енергија Watt d’Or, а победници во категоријата обновлива енергија се Романде Енерџи и АББ од Швајцарија.

Најдобра иновација за обновлива енергија

Наградена е нивната „Пловна соларна централа“, сместена на езерото Лак де Тулс во Валаис, Швајцарија. И тоа на завидни 1.810 метри надморска височина. Ова езеро веќе ги опслужува потребите на хидроцентралата, но на неа се собира и соларна енергија во последните две години. Високо на швајцарските Алпи, атмосферата е поретка, сончевото зрачење посилно, а во зима снегот дополнително ја рефлектира сончевата светлина.

Како што се наведува во соопштението од фабриката „Романде Енерџи“, единствените алпски услови овозможуваат уште поефикасно работење на соларни панели. Тие можат да соберат 50 проценти повеќе енергија на помала надморска височина од сличните пловни соларни централи.

 

„Нашиот пилот проект произведува околу 800 MWh електрична енергија годишно, што е доволно за напојување на 225 локални домаќинства“, рече раководителот на проектот Гијом Фукс. Соларната централа е изградена на 36 лебдечки пловни објекти и зафаќа површина од 2.240 квадратни метри.

Пловечките соларни централи имаат голем потенцијал. И овој пилот проект допрва треба да се докаже за двегодишен пробен период. Инвестирани се над 2,2 милиони евра.  А, самата изградба траела шест години и десет месеци, односно заврши во декември 2019 година. Првите резултати охрабруваат. Зтоа „Романде Енерџи“ планира да ја прошири централата во 2022 година. Очекува да произведува 22 милиони kWh електрична енергија. Тоа би било еквивалентно на просечната потрошувачка на 6.100 домаќинства.

Планот на Романде Енерџи е прво да го прошират проектот на езерото Лак де Тулс, а потоа да користат ваков вид технологија и на друго езеро.(ekovjesnik)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.