По „голем отказ“, флексибилните услови за работа-правило, смета професорот Ентони Клоц. Човекот кој предвиде дека ќе се случи „големо отпуштање“ ширум светот, а сега истакнува три тренда за кои верува дека ќе доминираат оваа година на релацијата меѓу компании- работници.

Во интервју за Блумберг во мај минатата година, Клоц, психолог и професор на Универзитетот A&M во Тексас, ја измисли фразата „големо отпуштање“ за да опише колку луѓе ќе дадат отказ за време на пандемијата со коронавирус. Милиони работници во САД дадоа отказ.

По „голем отказ“, флексибилните услови за работа-правило

Зборувајќи за „големиот отказ“ тој опиша дека веќе не се работи за наоѓање друга работа, туку за преземање контрола врз работата и приватниот живот. Актуелната сотојба што ја наметна пандемијата, тој ја оцени како момент кога се зајакнува статусот на работниците. Во тој контекст  тој наведе три тренда кои очекува да доминираат во 2022 година.

„Големиот отказ“ ќе забави

Според оценката на Клоц, „големиот отказ“ ќе продолжи и годинава, но бројот на оние кои ќе одлучат да поднесат оставки ќе се намали.

Колц е на став дека, како што наведе, бранот отпуштања ќе продолжи, но дека ќе биде помал од досега. Тој посочи дека причината поради која мисли така е што компаниите се принудени да нудат повисоки плати и подобри услови за работа за да ги задржат вработените.

Флексибилните услови за работа ќе бидат правило, а не очекување

Истражувањето на Истражувачкиот проект WFH покажа дека способноста да се избере каде да се работи стана најважна за време на пандемијата. Работниците ја ценат флексибилноста во овој контекст колку и зголемувањето на платите за 10 проценти.

За Клоц, веројатно е дека ќе има се повеќе компании кои ќе се стремат да задржат и привлечат работници преку гарантирање флексибилни работни услови. На оние менаџери, кои ќе бараат изговори поради неможноста да понудат флексибилна работа, им порача дека ќе бидат во загуба.

Тој заклучи дека ваквите услови за работа ќе резултираат со воспоставување рамнотежа помеѓу работата и слободните активности, што позитивно ќе се одрази на менталното здравје на работниците.

Работата на далечина ќе биде уште поконкурентна

Пандемијата ги принуди компаниите ширум светот да ја интензивираат дигитализацијата и автоматизацијата на работните места. Светскиот економски форум (СЕФ) анкетираше 300 компании во 2020 година, од кои 43 отсто рекоа дека ќе заменат некои работници со нови технологии.

Клоц предвидува дека овој тренд ќе продолжи и по пандемијата со коронавирусот. Тој нагласи дека во исто време ќе има се повеќе компании кои ќе имаат потреба од работници кои ќе работат на далечина или преку интернет. Една од причините за тоа е што тоа може да обезбеди поевтина работна сила, пишува CNBC.

Трендот на авотматизација се поприсутен

Пандемијата го забрза трендот кон автоматизација бидејќи компаниите ги прифатија дигиталните келнери, консиержите и другите технологии во услови на правила за социјално дистанцирање и стравувања од вируси. Во 2020 година, Светскиот економски форум анкетираше околу 300 глобални компании и откри дека 43 отсто од бизнисите очекуваат да ја намалат својата работна сила, односно да ја заменат со новата технологија.

Клоц предвидува дека компаниите ќе направат поголеми инвестиции во роботи и вештачка интелигенција за да го намалат времето и трошоците за вработување дури и по пандемијата.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.