Поетот Митко Гогов ќе ја претставува Македонија на 31. Меѓународниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија што ќе се одржи од 1 до 29 август 2021 година. Песните на фестивалот ќе се читаат на мајчин јазик, а ќе се слушаат и во препев на шпански и англиски јазик.

Меѓународниот поетски фестивал во Меделин, Колумбија претставува најголем и најдобар светски поетски фестивал, еден од најпрестижните поетски настани, а досега од нашата држава меѓу учесниците биле и Матеја Матевски, Катица Ќулавкова, Лидија Димковска, Никола Маџиров.

Фестивалот има публика од над 500.000 гледачи ширум светот, а како дел од програмата се светски поети како Ко Ун, Чарлс Симиќ, Адунис, Елена Попески, Пол Мултон, Каролин Форше, Роберт Хас и други. Со повеќе од 200 официјални учесници, фестивалот се обидува да се помири со колумбиското турбулентно минато и сегашност преку никогаш не стареечкиот медиум на поезијата и уметноста.

Митко Гогов е роден 1983 година. Гогов пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји во Европа и во светот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.