„Предизвик 2021“- регионален форум за комуникациски лидери, ќе се одржи на 6. и 7. април во Белград, под слоганот „НАПРАВИ ГО ПОГОЛЕМО“ (MAKE IT BIGGER). Тоа е интерактивен деловен настан, прв од ваков вид во регионот. Наменет е исклучиво за професионалци од областа на маркетингот, односи со јавноста и дигиталните комуникации од компании и агенции.

„Предизвик 2021“ регионален форум за комуникациски лидери

Она што е сурова реалност, метафорично е претставено со излитеното мото „НАПРАВИ ГО ЛОГО ПОГОЛЕМО“. Сепак, овој слоган сега станува повик да се свртиме кон поважни работи, како што се солидарност, односи, поддршка, емпатија, тимска работа. Вредности без чие учење и тоа лого со време ќе ја изгуби смислата ,своето значење, како и гореспоменатото мото.

„Годината зад нас беше тешка и полна со предизвици за целата наша индустрија. Впечатокот е дека во борбата за опстанок заборавивме на емпатија, сочувство, толеранција, поддршка. На форумот ПРЕДИЗВИК 2021, ќе се занимаваме со самите себе на сите нивоа. Но исто така и со вистинските меѓучовечки односи во професијата. Ако растеме како луѓе, ќе растеме и како професија. А, за да растеме, мора прво да надминеме некои работи “, вели Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мрежа, кој е организатор на форумот „ПРЕДИЗВИК 2021“.

Колку вреди агенциската работа?

Темите на овогодинешниот форум ќе се задржат на најактуелните и најчувствителните сегменти во професијата:

  • – кој денес креира репутација на професијата;
  • -колку вреди агенциската работа;
  • -како да се обезбеди независност од големите клиенти и да се преживее нивното заминување;
  • -што е одржлив маркетинг и како ја менува индустријата радикално;
  • -кој презема одговорност за рекламирање на неетички брендови;
  • -зошто пазарот во Србија е во режим на постојано дејствување и што придонесе за тоа.

 Претставници на најголемите компании и агенции во регионот, исто така, ќе зборуваат- зошто за платите во струката и понатаму само се шепоти; дали само агенциите мразат теренски реклами или причина за тоа имаат и огласувачите; зошто правилата на теренот се мртва буква на хартија.

 

Состојбата на пазарот на маркетинг комуникации

Претставници на агенции од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ и Македонија ќе зборуваат за состојбата на пазарот на маркетинг комуникациите на земјите од регионот.

Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување дијалог помеѓу агенциите и компаниите, преку разни видови интерактивни работилници. А, ќе се организира и градење на тимови за учесниците. Како и претходните години, на форумот ПРЕДИЗВИК 2021 ќе бидат презентирани најновите истражувања за состојбата на струката во регионот, која Маркетинг мрежата ги спроведува веќе седум години.

Пријавување за учество на форум за лидери за комуникација – ПРЕДИЗВИК 2021 трае до 22 март. Повеќе информации на веб-страницата www.izazovforum.rs.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.