Преку општествено одговорни акции, помош каде што е најпотребнa, организира компанијата „Кредисимо“. Таа од 23 февруари до 7. март,  обезбеди топол оброк за вработените во Клиниката за инфективни болести. Овој потег на компанијата е знак на поддршка на здравствениот систем и работници, водејќи се од заложбата за општествена одговорност. „Кредисимо“ како една од најбрзорастечките ФинТек структури во небанкарскиот финансиски сектор, покажува и општествена одговорност во кризни времиња. Покрај за последната акција, „Анторис“ упати прашања до компанијата и во однос на најавата за следните општествени активности. Но и дали го променија пристапот кон работата поради новонаметнатите услови.

Преку општествено одговорни акции, помош каде што е најпотребнa

Како дојде до оваа иницијатива?

„Иницијативата се спроведе на колективно ниво, во целата групација од компании на Credissimo. Тоа е нешто што веќе го направиме на сите пазари каде што брендот Credissimo е присутен. Имајќи предвид дека таму проектот помина одлично, одлучивме слична активност да направиме и тука во Македонија.

Верни на нашиот принцип за обезбедување навремена поддршка онаму каде е најпотребно, одлучивме да им пружиме рака на најголемите херои – на здравствените работници од Клиниката за инфективни болести. На овој начин сакаме да оддадеме почит на трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик по своето здравје, безрезервно се борат за животите на своите граѓани“, велат од компанијата.

Колку е важно за една компанија да биде општествено одговорна во вакво време?

„Помина повеќе од една година како се наоѓаме во една специфична и непозната ситуација за која не можевме да бидеме претходно подготвени. Нашиот став уште од почетокот на кризата е дека не треба да седиме и да чекаме ситуацијата да се подобри сама. Сметаме дека сите ние, и како компанија и како поединци, треба да се обединиме и да покажеме дека заедно можеме да излеземе на крај со секоја непредвидена ситуација, со тоа што секој ќе даде придонес. Во ваквите ситуации, секоја помош е добредојдена, а особено ако е укажана онаму каде што има најголема потреба. Нашата последна активност од општествена одговорност само ја потврдува нашата заложба, и со тоа Credissimo останува верен на имиџот што го гради како компанија којашто верува во моралните вредности и постојано се труди да ги поттикне“, ни одговорија од компанијата.

Со оваа акција, велите дека го означувате почетокот на голем број општествено одговорни активности? Во која сфера ќе бидат насочени тие?

„Главно се насочуваме кон ранливата категорија во општеството, кон оние на кои им е потребна дополнителна помош и поддршка. Но, исто така постојано ги следиме и актуелните случувања и ситуации и се разбира дека доколку сметаме дека нашата помош е потребна и во некоја друга област, како образование, спорт и слично, ние ќе го дадеме нашиот придонес. Имаме голем број значајни проекти планирани за периодот што следува, за кои ќе бидете благовремено известени“.

Како компанијата функционира во вакви вонредни услови за работа?

„Credissimo е единствената компанија за брзи кредити во Македонија која ги нуди своите услуги целосно онлајн, без потреба од посета на канцеларии или физички контакт со нашите клиенти. Во периодот кога требаше да се приспособиме на промените што пандемијата ги донесе со себе, бевме и повеќе од подготвени да продолжиме да им ги нудиме нашите услуги на нашите клиенти кога им беа најпотребни.

Веќе работиме и на олеснување на процесот на аплицирање и инкорпорирање на најновите светски трендови за работа, кои произлегоа како решенија од пандемијата. На тој начин, аплицирањето целосно онлајн ќе го направиме побезбедно и полесно од кога било, а тоа ќе им помогне на нашите клиенти да стигнат до финансиски средства уште побрзо, кога им се најпотребни.“

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.