Приходите на „Амазон“ годинава ќе надминат 500 милијарди долари. Американскиот гигант за малопродажба „Амазон“ очекува да достигне рекорден деловен резултат во 2021 година. Односно се очекува да надмине 500 милијарди долари приход, што претставува годишно зголемување од најмалку 30 проценти. Ова го покажува анализата на „Тракер“.

Приходите на „Амазон” годинава ќе надминат 500 милијарди долари

Проекцијата се базира на пет основни фактори:

  • – трендот на купување инспириран од пандемијата,
  • -зголемување на бројот на нови трговци на мало во Амазон,
  • -подобрување на процесите на испорака и логистика,
  • – нови мутации на COVID-19 кои сигнализираат проширени ефекти на пандемијата и
  • -континуиран раст на приходите на Амазон во текот на изминативе 10 години.

Лани рекорден приход од 386 милијарди долари

„Амазон“ соопшти дека 2020 година остварил рекордни приходи. А,  го проектирале и понатамошниот раст. Според податоците, Амазон ја заврши 2020 година многу успешно. Тој пријави рекорден приход од 386 милијарди долари. Компанијата успеала да го зголеми својот профит за скоро 38 отсто. Се очекува по истиот пат да продолжи и следната година.

Една од причините за овој раст е што Амазон континуирано работи на отстранување на недостатоците во испораката и логистиката. Тоа доведува до подобро корисничко искуство, а на тој начин дополнително го зајакнува трендот на онлајн купување.

„Амазон“ успеа да ја обезбеди својата позиција на чело на е-трговијата благодарение на локдаунот ширум светот. Односно на социјалното растојание на луѓето што ја зголеми побарувачката за онлајн купување.

Сега има повеќе од 200 милиони посетители месечно. Но, се очекува примарното членство да достигне 153,1 милиони во 2022 година (во споредба со 142,5 милиони во 2020 година). Тоа на „Амазон“ му создава совршени услови за развој,како никогаш порано.

Потоа,  повеќе од милион нови продавачи секоја година се качуваат на оваа платформа, и тоа не без добра причина. Според податоците, 85 отсто од продавачите на „Амазон“ се профитабилни. Тоа генерира повеќе од половина од приходите од 386 милијарди долари на компанијата во 2020 година.

Првиот квартал од годинава стартува со забележителен раст

Нето-продажбата во првиот квартал од годинава се очекува да биде помеѓу 100,0 и 106,0 милијарди долари. Односно да забележи раст помеѓу 33 и 40 отсто во споредба со првиот квартал лани. Овие сегменти упатуваат на поволно влијание од девизниот куурс од приближно 300 основни поени.

Оперативните приходи се очекува да бидат помеѓу 3,0 и 6,5 милијарди долари, во споредба со 4,0 милијарди долари во првиот квартал во 2020 година. Овие сегменти упатстуваат на приближно две милијарди долари трошоци поврзани со COVID-19.

Предвивувањето претпоставува, меѓу другото, дека не се склучуваат дополнителни деловни превземања, инвестиции, преструктуирање или правни порамнувања.

Изјавите за иднината суштински, како што стои во извештајот тешко можат да се предвидат. Реалните резултати можат материјално да се разликуваат од ралични причини, вклучувајќи, покрај веќе споменатите фактори, износот што Amazon.com го инвестира во нови деловни можности и времето на тие вложувања. Потоа, комбинацијата на производи и услуги продадени на клиентите, комбинацијата од реализација на нето-продажбата на производи во споредба со услугите,  конкуренција, управување со растот, потенцијални флуктуации на резултатите од работењето, меѓународен раст и експанзија, резултатите од побарувањата, варијабилност на побарувачката, степен до кој компанијата влегува, одржува и развива комерцијални договори, предложени и завршени аквизиции и стратешки трансакции, ризици за плаќање и ризици од исполнување на продуктивноста. Другите ризици и неизвесности вклучуваат, меѓу другите, ризици поврзани со нови производи, услуги и технологии, прекинувања на системот, регулатива на владата и оданочување и измама.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.