Продажбата на хибридни автомобили блеска на европскиот пазар – Изненадувачки: Тесла не е во првите 20! , заклучиува во анализата порталот за следење на сите берзи, Berze.me.

Европскиот пазар на патнички plug-in хибриди и електрични возила во јануари забележа 112 000 регистрации: Тоа претставува  раст за 50 отсто во споредба со истиот период минатата година. При тоа хибридите (PHEV plug-in хибридно електрично возило) забележаа побрз раст (85 отсто) за разлика од електричните возила, 18  отсто (електрично возило BEV батерија).  Додека хибридите ја започнаа годината со поголемо учество во споредба со е-возилата (42 отсто BEV / 58 отсто PHEV).

Уделот на plug-in возилата на стартот на 2021 година е со 14 проценти (од кои 5,6 отсто се однесува на BEV). Овој процент е над крајниот удел на пазарот за 2020 година, што тогаш беше на ниво од 11 проценти. И двојно повеќе во споредба со резултатот од јануари 2020 година, кога тоа учество беше 6,6 отсто.

Бидејќи уделот на  plug-in возила веќе цврсто ја надминува бројката од 10 проценти, многу е лесно и разумно да се очекува таа бројка да достигне 20 отсто до крајот на 2021 година.

Во јануари, plug-in хибридите беа sвезди на пазарот, додека Volvo го освои најпродаваниот трофеј за возила за прв пат благодарение на изненадувачката продажба на XC40 PHEV, пренесува блогот EV Sales.

Kia Niro EV ја освои бронзата на подиумот бидејќи 3.123 продадени единици не беа доволни да го престигне сребрениот Renault Zoe, кој пак ја загуби водечката златна трка со само 23 единици, додека VW ID.3, за кој се претпоставува дека е главниот кандидат за освојување на титулата шампион во текот на 2021 година, беше само петти во јануари.

Шведскиот бренд на врвот на почеток на 2021

1 Volvo XC40 PHEV – Со електрификацијата која е високо на приоритетната листа на Volvo, шведскиот бренд е еден од најефикасните производители на електрични автомобили во Европа. Верзијата PHEV на компактниот SUV XC40 забележа 3.543 продажби минатиот месец, освојувајќи го првиот месечен трофеј и ветувајќи можност за  за раст во текот на 2021 година. Пред се затоа што неговиот BEV- брат (со 1.027 продадени единици минатиот месец) штотуку започнува со масовно производство. А бројот на пазари сè уште не е таргетиран.

XC40 Plug-In Hybrid

Главниот пазар за XC40 PHEV беше Германија (573 единици). Меѓутоа во значителната бројност помогнаа и неколку други, како што се Холандија (367), Франција (357), Велика Британија (350), Белгија (434) и Италија (399) .

 Renault Zoe  – 3.520 испораки во јануари не и дозволија на Zoe да ја освои титулата. Но со само 23 единици зад водечката позиција на Волво, тоа навистина не значи ништо за идните достигнувања. Во јануари, најмногу од овие возила беа продадени во Германија (1.166 регистрации) и Франција (1.013 регистрации). Италија беше на третата позиција  со само 255 регистрации.

Renault Zoe

 

Продажбата на хибридни автомобили блеска на европскиот пазар – Изненадувачки: Тесла не е во првите 20!

3 Kia Niro EV – Корејскиот кросовер забележа 3.123 продажби минатиот месец.  Бројка што е за 137 повеќе од истиот месец минатата година. Гледајќи ги резултатите во јануари, двата главни пазари беа Велика Британија (950 регистрации) и Франција (748 регистрации, нов рекорд). Додека Германија ја зазеде третата позиција со далеку помалку  регистрации (350).

Продажбата на хибридни автомобили блеска на европскиот пазар

 4 BMW 330e  –  Ова беше изненадување. Германскиот модел од средната категорија се приклучи на топ пет листата и стана лидер во својата категорија, со 3.058 регистрации. Хибридот на BMW профитираше од низа околности, како што е фактот дека Tesla Model 3 не успеа минатиот месец. Додека неговиот ривал Mercedes C-Class е близу до промена во генерацијата на моделот. Гледајќи во одделни земји, Велика Британија (1.100 единици) и Германија (763) беа нејзините најголеми пазари, а нив ги следеше Белгија (263) и Шведска (244).

# Volkswagen ID.3 – Германскиот модел забележа 2.978 продадени единици минатиот месец, што е малку разочарувачки, но со растот на производството, треба да очекуваме многу силен март.

Следните месеци се вистински тест за побарувачката и производствените приоритети на Volkswagen EV . Но, германскиот производител на автомобили може да му даде предност на попрофитабилниот  модел ID.4 отколку  на ID.3. Во однос на перформансите во јануари, регистрациите на хечбек на Фолксваген беа главно концентрирани во Германија (1.799), и помалку во Австрија (199) и Франција (142).

Гледајќи го остатокот од скалата, BMW и Peugeot -импресионираат

BMW пласираше дури четири модели меѓу првите 20, додека Peugeot  имаше три. Со еден од нив, 3008 PHEV, дури и оствари рекорден резултат (2.680 продажби). Иако моделите на BMW  се меѓу 20-те најдобри PHEV-ови и беа тешки SUV-ови ( три џипови), Peugeot  таму имаше два BEV возила.

Гледајќи ја пошироката линија Stellantis, новиот конгломерат исто така стави  четири модели на топ 20 листата. И тоа на врвот  се најдоа три Peugeot, а Opel Corsa исто така успеа да се најде на оваа листа и тоа како 20-та.

Кога станува збор за свежи лица, важно е да се посочи 12-тото место што го зазема Mercedes GLE350e/SUV. По долг процес на производство, што се чини стана традиција на Мерцедес, џипот со долг домет конечно ги исполнува своите потребни спецификации (батерија од 31 kWh и полнење CCS) и се испорачува во голем број.

По игра на нештата, случајно, и неговиот ривал BMW X5 PHEV исто така се врати во првите 20, нагласувајќи го неодамнешниот тренд – големите џипови се електрификуваат побрзо од остатокот на пазарот.

Надвор од листата  Топ 20, заслужуваат да се споменат два неодамнешни модели, Toyota RAV4 PHEV која продолжува да ги забрзува испораките, достигнувајќи ги веќе релевантните 1.253 примероци минатиот месец. А паралелно се зајакнува и Citroen C4 EV, кој продаде 536 примероци во јануари.

Во рангирањето на производителот, БМВ профитираше од силните резултати од својата (долга) линија на модели и ја започна годината во водство, со удел од 10 отсто. Тој беше следен со пакет конкуренти предводени од Volkswagen, Peugeot и Mercedes. Сите со  седум процентен удел, а веднаш по нив, следат Renault i Volvo, и двете со шест процентно учество.

Battery electric vehicle – E-segment / Executive / Full-size

Доминацијата на е-Трон продолжува, а големото Audi  забележа продажба на  2.621 примероци минатиот месец. Продажбата порасна за 16 отсто во однос на претходната година, со оглед на веќе значајниот обем на продажба на моделот на белгиската фабрика. Стручњаците се прашуваат колку долго ќе траат стапките на раст и кога ќе го достигнат пикот?

На позицијата број два е Porsche  Taycan (1.094 продадени единици минатиот месец) што ја забрзува продажбата. Додека на трето место е луксузниот Mercedes van EQV (продадени 168 единици).

     

2021 година ќе доживее многу акција во оваа категорија, не само со најавата за неколку нови модели (Audi e-Tron GT, Mercedes EQS, BMW iNext), туку и со редизајн на Tesla и проширување на Porsche Taycan (RWD , Cross Turismo,), Audi e-Tron ќе биде потешко да ја задржи круната во овој сегмент.

Tesla ја намали цената на моделот во Европа, но без голем успех во продажбата

Неодамна прочитавме дека Тесла  ја намали цената  на својот Модел 3 до девет отсто во Европа, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија и Холандија.

Стандардниот опсег плус (SR +) на Модел 3, кој во Германија изнесуваше 42.990 евра, сега е 39.990 евра. Додека AWD со долг опсег сега е 49.990 евра наместо 52.490 евра, а перформансот сега чини 54.990 евра наместо 58.490 евра.

Во Франција беа забележани пониски цени и до 6.000 евра. Додека во Холандија попустите беа нешто пониски и изнесуваат 2.000 евра за моделите SR + и LR и 1.600 евра за Performance.

Во Германија, падот на цените значи дека откако ќе се применат субвенциите, SR + цена ќе чини само 33,990 евра.  AWD  ќе може да се купи за 43,990  евра. Додека Performance за 48,990  евра.

Сепак, маскотата на електрични возила – Тесла, целосно испадна од списокот на водечки германски EV брендови.

Продажбата на хибридните автомобили Тесла во јануари забележа само 453 во Германија, од кои скоро сите беа Model 3.

Колку за споредба, Tesla продаде скоро 86 илјади возила во Европа во 2020 година, додека во 2019 година оваа бројка беше над 95 илјади продадени единици.

Toyota Yaris е најпродаваниот автомобил во Европа во текот на месец јануари

Во јануари 2021 година Toyota Yaris  ја држеше круната со продадени 17.956 примероци (месечен раст од 21,2 отсто) на скалата на најпродавани автомобили. По неа следи  Renault Clio, кој продаде 16.923 примероци (работи со 18,7 отсто).

Продажбата на хибридни автомобили блеска на европскиот пазар

Peugeot 208 го затвора подиумот со продадени 16.843 примероци (месечен пад на продажбата од 6,8 отсто), додека претходниот лидер Volkswagen Golf го зазеде четвртото место, со 16.394 примероци (месечен пад од 32,7 отсто), и се најде пред Dacie Sandero  на петтото место со 15,970 продажби (месечен раст од 20,7 отсто) и Fiat Panda  со 14,253 (месечен раст од 16,8 отсто) на шестото место.

Škoda Octavia заврши наседмо место, продавајќи 13.947 примероци (-10,9 отсто). Потоа следува Volkswagen T-roc со 13.093 (-4,2 отсто) и Renault Captur со 13.071 (+ 16,9 отсто).

Десетката ја затвора  Volkswagen Polo со 12.990 регистрации (-25,9 отсто).

(Berze.ME)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.