Дури 50 песни на Ролингстонси, снимени меѓу раните 1960-ти и 2002-та година, но никогаш не објавени во тие верзии, протекоа на Интернет.

Колекција од 75 ретки записи од настапи во живо и необјавени снимки од студија е објавена на каналот YouTube, нешто пред полноќ на 31 декември минатата година, а тие ги објавил некој од профилот отворен два дена порано.

Овие снимки набрзо беа повлечени, а сега, пак, на Интернет протекоа 50 песни од еден од најголемите рокенрол бендови на сите времиња, но за разлика од порано, тие се со студиски квалитет, а со нив беше објавен и омот со наслов „Fully Finished Studio Outtakes 1-2- 3“, што би можело, како што толкуваат некои музички портали, дека станува збор за бокс-сет наменет за продажба.

Од другата страна на насловната страна беше напишана „Специјална ограничена серија за фан-клубот на Ролингстонси“ и беа додадени поштенска марка и адреса во Токио.

Песните од овој триделен диск (траат вкупно безмалку четири часа) се снимени во периодот од 1962 до 2002 година, а меѓу нив е и „бисер меѓу бисери“ – демо-верзија на песната „It’s Only Rock’n Roll“ од 1973 година, со Дејвид Боуви како гостин и гитарист Рони Вуд, две години пред тој официјално да се приклучи на бендот.

Меѓу песните се наоѓаат „Curtis Meets Smokey“ каде Рај Кудер свиреше гитара и „Too Many Cocks“, објавени подоцна во поинаква верзија на компилација од најдобрите соло-песни на Мик Џегер.

Кит Ричардс, оваа есен, зборувајќи за тоа како се справува со времето без концерти, подготвувајќи нов албум со бендот, изјави дека се занимава со реизданија и бокс-сетови, но не прецизираше за кои песни станува збор.

Различни верзии кружат за тоа како снимките стигнале до Интернет (од хакери до инсајдери кои ги споделувале на мрежата), а според некои интриги – печатени се 500 дискови, кои се продаваат по цена од 50 фунти .

Засега нема официјална реакција на бендот за протекувањето на песните.

Речиси сите 50 песни (засега) можат да се слушнат на YouTube, а еве го комплетниот список:

CD 1/VOLUME 1 (TIME 79:20)

1. Nobody Perfect, 1975

2. Trouble’s A Coming, 1972

3. Dreams To Remember, 1983

4. Don’t Lie To Me, 1972

5. Fli Jim, 1978

6. Eliza Lipchink, 1983

7. Deep Love, 1985

8. She’s Doing Her Thing, 1967

9. Putty In Your Hands, 1962

10. Dog Shit, 1983

11. 20 Nil Ca 1991

12. Tell Her How It Is, 1971

13. You Better Stop That, 1983

14. Scarlet, 1975

15. Walk With Me Wendy, 1974

16. Never Make You Cry, 1977

17. Part Of The Night, 1976

18. Low Down, 1997

CD 2/VOLUME 2 (TIME 74:32)

1. It’s A Lie, 1978

2. I Can’t See No One Else, 1985

3. Not The Way To Go, 1977

4. Giving It Up, 1989

5. Hands Off, 1986

6. Built That Way, 1984

7. Keep It Cool, 1982

8. Can’t Find Love, 1983

9. You Win Again, 1977

10. Blood Red Wine, 1968

11. Fast Talking Slow Walking, 1972

12. Cooking Up, 1982

13. Every Time I Break Her Heart, 1977

14. Dream About, 1992

15. Flip The Switch, 1998

CD 3/VOLUME 3 (TIME 78:17)

1. Sanctuary, 1994

2. Desperate Man, 1973

3. Prairie Love, Ca 1993

4. Living The Heart Of Love, 1974

5. Still In Love With You, 1982

6. I Tried To Talk Her Into It, 1982

7. Might As Well Get Juiced, 1998

8. Too Many Cooks, 1973

9. Curtis Meets Smokey, 1966

10. Covered In Bruises, 1981

11. Ivy League, 1994

12. Too Tight, 1998

13. Criss Cross, 1972

14. Strictly Memphis, 1995

15. It’s Only Rock’n’roll, 1973

16. Studio Jamm Session (Extreme Western Grip), 2002

17. Studio Jam Session (Well Well), 2002

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.